Спорт
„Како да скокнам? Како свеќа, без раце?“

Хрватска не успеа да ја победи Чешка, во второто коло во Д-групата на Европското првенство. Натпреварот во Глазгов заврши 1:1. Чесите поведоа од пенал, на кој му претходеше фаул на Ловерен врз Шик.
Пеналот на некој начин е контроверзниот, бидејќи судијата Де Серо Гранде реши да ја погледне снимката откако го забележа обилното крвавење од носот на Шик.
„Како да не бидам разочаран? Јас воопшто не го видов Шик, одев на топка и тоа беше природна позиција на моите раце. Така скокам цел живот. Како би требало да скокам? Како свеќа, без раце? Јас за ова никогаш не би досудил пенал. Па судијата не го забележа тој момент, подоцна ја донесе одлуката“, рекол Ловерен.
Хрватска, по два натпревари има еден бод и само со победа над Шкотска, во вторник, може да се пласира во осмина-финалето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Барселона против Интер, прво полувреме од полуфиналната пресметка

Барселона и Интер ќе го играат второто полуфинале од Лигата на шампионите во 21:00 часот во Каталонија на стадионот „Монжуик“.
Многу се очекува од судирот меѓу шпанскиот и италијанскиот тим, пред се се очекува ефикасен натпревар.
Ако го прашате тренерот на Интер, Симоне Инзаги, тој ќе ви каже дека неговиот тим вечерва игра против најдобриот тим во светот.
Пред натпреварот, тој зборуваше за Барселона со одбрани зборови.
„Возбудени сме за натпреварот што го играме против веројатно најдобриот тим во светот, најофанзивниот, против тимот што постигнува најмногу голови“ рече тој.
Може да биде лошо за Интер пред судирот со „најдобриот тим на светот“ што во последните три натпревари ја имаа најлошата серија оваа сезона – три порази без постигнат гол.
„Нероазурите“ загубија од Болоња (0:1), Рома (0:1) во лигата и од Милан убедливо (0:3) во Купот. Тренерот на Интер вели дека оваа серија не може да го поништи се она што неговиот тим го направи досега.
„Претходната недела не може да избрише сè што постигнавме за четири години“, рече Инзаги, кој ќе го предводи тимот од 2021 година.
„Во последните три натпревари мораше да се справиме подобро, но по четири години сè уште сме тука, бркајќи ги нашите цели, а некој рече дека ќе ни биде тешко да се пласираме меѓу четирите најдобри екипи во Италија“.
За разлика од Интер Барселона игра одлично.
Тимот на Ханси Флик е прв во Ла Лига (Интер во меѓувреме падна на второто место во Серија А), Каталонците неодамна го освоија трофејот во Купот во спектакуларен натпревар со Реал.
Барса доминира оваа сезона, нејзината моќ потсетува на моќта што тимот ја имаше со Меси, Чави, Иниеста…
Барселона повторно е синоним за најдобриот фудбал. Инзаги е свесен за задачата што неговиот тим ја има пред себе.
Добрата вест за Инзаги е закрепнувањето на Маркус Тирам, кој ќе игра во нападот крај Лаутаро Мартинез.
Од друга страна, Ханси Флик ќе мора да посегне по алтернативна опција, која го вклучува Феран Торес на позицијата „лажна деветка“, поради повредата на првиот стрелец на головите Роберт Левандовски.
Мајсторите на топката, Рафиња, Олмо и Џамал, ќе дејствуваат зад Торес…
Овој распоред во нападот се покажа како ефикасен против Реал во финалето на Купот, а навивачите очекуваат подеднакво ефикасна вечер против Интер.
Спорт
Бергвал го продолжи договорот со Тотенхем

Фудбалерот на Тотенхем, Лукас Бергвал, го продолжи договорот со англискиот клуб до 2031 година.
„Со задоволство објавуваме дека Лукас Бергвал потпиша нов договор со клубот, со важност до 2031 година“, пишува на веб-страницата на Тотенхем.
Шведскиот играч од средниот ред се приклучи на Тотенхем минатото лето од Ѓургарден и одигра вкупно 45 натпревари оваа сезона.
Бергвал (19) одигра четири натпревари за шведската репрезентација, за која дебитираше на 12 јануари минатата година.
Тотенхем го зазема 16-то место на табелата во Премиер лигата, додека во полуфиналето од Лигата на Европа ќе игра против Бодо/Глимт.
Спорт
Погба оди во МЛС, еден клуб има ексклузивни права за преговори

Францускиот фудбалер Пол Погба, чија суспензија поради допинг неодамна истече, преговара со Ди Си Јунајтед од Вашингтон, клуб кој има ексклузивни права за разговори со светскиот шампион од 2018 година, објавија американските медиуми.
Според „Вашингтон пост“ и „Атлетик“, тимот на Погба преговара со клубот од американската престолнина, поради таканареченото правило за „откривање“ во рамките на МЛС, специфично за северноамериканското првенство.
Еден клуб може да стави до пет играчи на „листата на откритија“ со кои има ексклузивни права на преговори. Барањето за ставање на играч на оваа листа го одобрува МЛС, која мора да процени дали клубот има финансиска можност и доволно простор во тимот да го доведе играчот.
„Клубот во овој момент нема коментар за шпекулациите за трансфери“, изјави претставник на Ди Си Јунајтед за агенцијата „Франс Прес“.
Погба, поранешен играч на Манчестер Јунајтед и Јувентус, не играл фудбал од септември 2023 година, кога беше суспендиран поради позитивен тест на забранет тестостерон.
32-годишниот француски фудбалер живее во Мајами, каде што работи индивидуално во очекување на трансферот.