Спорт
Тијаго: Не сум за ВАР технологијата, го убива фудбалот
Фудбалерот на Ливерпул, Тијаго Алкантара, порачал дека не му се допаѓа модерниот фудбал и дека не му се допаѓа воведувањето на ВАР-технологијата.
„Го мразам модерниот фудбал, јас сум човек на кого повеќе му се допаѓа фудбалот кој се играше порано. Се игра во поинакво темпо, се е многу побрзо, се бара повеќе сила. Десетките и фудбалските мајстори речиси исчезнаа. Гледаме многу помалку магија и фудбалска фантазија. Нема ниту дриблање, тоа е во модерниот фудбал непотребно. Плејмејкер со добра техника повеќе не може да игра доколку е бавен. Ние кои не сме брзи, мотаме брзо да мислиме доколку сакаме да играме“, рекол Алкантара и дополнил.
„Секогаш сум бил против ВАР, посакував да не го воведоа. ВАР ја одзема суштината на играта, ја одзема итрината, палавоста на теренот. Фудбалерите грешат, треба и на судиите да им се дозволи да погрешат. Без трикови немаше да има многу легендарни моменти во фудбалот. На крајот и кога ќе постигнеме гол од центарот на игралиштето не можеме да се радуваме додека ВАР не го потврди“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Слот: Ќе разговарам со Салах, од зависи дали утре ќе биде во тимот
Арне Слот влезе во конференциската сала насмеан, но и свесен за тоа што го очекува за време на средбата со новинарите пред дуелот со Брајтон.
Секако, првото прашање беше – дали е решена ситуацијата со Мохамед Слах.
„Ќе разговарам со Мо малку подоцна. Исходот од тој разговор ќе одреди како ќе изгледаат работите утре“, рече Слот. „Она што ми треба е разговор со него. Мислам дека следниот пат кога ќе разговарам за него, тоа треба да биде со него, а не тука со вас. Можете да се обидете, но нема многу што можам да ви кажам пред да разговарам со него. Ќе повторам, исходот од тој разговор ќе биде одлучувачки за тоа како ќе изгледа сè утре“, рече тренерот на Ливерпул и дополни.
„Немам ниту една причина зошто не би сакал Салах да остане во нашиот клуб. Многу победи забележавме со него во тимот. Што се однесува до одлуката да не патува во Милано, ние одлучивме како клуб. Секогаш сум во контакт со спортскиот директор Ричард Хјуз и извршниот директор Мајкл Едвардс, но кога станува збор кој ќе биде во тимот, тоа е секогаш моја одлука. Тоа не значи дека не разговараме, туку едноставно е моја одлука кога станува збор за тоа кој ќе биде во тимот, а кој нема да биде.“
Ливерпул го пречекува Брајтон во сабота од 16:00 часот.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Прва победа на Линдзи Вон по повеќе од седум години
Првата трка во спуст во женска конкуренција оваа сезона како дел од Светскиот куп донесе спектакл.
Американската легенда, Линзи Вон, ја однесе победата во Сент Мориц. За 41-годишната Вон, ова е прва победа во Светскиот куп од март 2018 година и нејзиното враќање на скијањето минатата сезона, откако речиси пет години беше во пензија. Вон се врати од операција на коленото и сега има титаниум на местото на чашката. .
Вон стигна до победата со време од 1:29.63. Кралицата на спуст имаше фантастична трка.
Заедно со Американката, Магдалена Егер (+0.98) и Мирјам Пухнер (+1.16) беа на подиумот.
И таа имаше стартен број 16. Егор имаше уште послаб стартен број – дури 27, додека Пухнер имаше стартен број 14.
Софија Гоџа се пласираше на четвртото место.
Foto/ depositphotos
Спорт
Гисин го повреди ‘рбетот, ги движи рацете и нозете по операцијата
Швајцарската скијачка Мишел Гисин доживеа тежок пад за време на тренингот во четврток, а еден ден подоцна информациите за повредите воопшто не се охрабрувачки.
Двократната олимписка шампионка се здоби со сериозни повреди кога со полна брзина се удри во заштитна ограда за време на тренингот во Сант Мориц, пред да биде запрена од следната ограда. Прва помош ѝ беше укажана на патеката, а потоа беше пренесена со хеликоптер во болница, а оттаму во специјализирана клиника во Цирих.
Еден ден подоцна, вестите не се добри, но не се драмтично лоши. Во четврток вечерта, Гисин имаше операција на цервикалниот дел од ‘рбетот, а како што е потврдено, по операцијата, која помина добро, таа може да ги движи рацете и нозете.
Покрај повредата на цервикалниот дел од ‘рбетот, Гисин се здоби и со повреди на зглобот на десната рака и левото колено, но како што изјави Швајцарската скијачка федерација, тие повреди засега не се оценети бидејќи беше итно да се реагира на повредата на ‘рбетот.
32-годишната Гисин освои златни медали во комбинација на Олимписките игри во 2018 и 2022 година.
Неверојатно, таа е веќе третата швајцарска олимпијка што се повредила за време на тренинг. Лара Гут-Бехрами и Корин Сутер имаа слични инциденти во претходните недели.
Foto/ freerangestock

