Спорт
Зарко на пол-позицијата во Германија

Возачот на Прамак Дукати, Жоан Зарко, ќе стартува од пол-позицијата на трката за Големата награда на Германија. На култната патека Захсенринг, Зарко во финишот на квалификациите го извозе најбрзиот круг 1:20.236 минути.
Францускиот возач, веднаш по кругот, во кој го постави најдоброто време, падна од својот мотор. Веднаш по Зарко, во првата кривина падна и Накагами, поради што беа истакната жолти знамиња и останатите возачи не можа да го подобрат своите резултати.
Трката, утре од 14 часот, од првиот ред, веднаш до Зарко ќе ја започнат возачите на Јамаха и Априлија, Фабио Квартараро и Алеш Еспаргаро.
Прв во вториот ред е Џек Милер од Дукати, до него е Марк Маркез, кој цела деценија победува на Захсенринг, а на шестото место е Мигел Оливеира.
Во првите 12 на старот ќе бидат Мартин, Пол Еспаргаро, Накагами, Бањаја, Ринс и Алекс Маркез.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Кунде ја повредил тетивата ќе го пропушти реваншот против Интер

Фудбалерот на Барселона, Жил Кунде, заработи повреда на тетивата на натпреварот со Интер (3:3).
Репрезентативецот на Франција на крајот од првото полувреме го напушти теренот, му отстапи место на Ерик Гарсија.
Кунде ќе изврши подетални тестови во текот на денот, но според првите информации, повредата е серизна и тој ќе го пропушти реваншот на „Џузепе Меаца“.
Ова значи дека тој ќе го пропушти и „Ел Класико“ во Ла Лига, кое е закажано за 11 мај.
Токму Кунде беше херојот на „блауграната“ минатиот викенд, постигнувајќи го победничкиот гол во финалето на Кралскиот куп (3:2).
Кунде е најстандардниот играч на каталонскиот гигант, а оваа сезона одигра дури 52 натпревари.
Спорт
Мекманаман: Голот на Интер е поништен поради нокт на ногата?!

Првиот полуфинален натпревар помеѓу Барселона и Интер заврши со резултат 3:3.
Публиката виде неколку атрактивни и еден поништен гол.
Во 75-тата минута, стрелец за гостите беше Хенрик Мхтарјан. По четврти пат, топката се најде во мрежата на Каталонците, но помошникот судија го крена знамето, а ВАР потврди офсајд. И тоа минимален, милиметари беа во прашање…
„Не знам како се чувствуваат во Интер по сè. Останаа без капитенот Лаутаро Мартинез, нивниот гол беше поништен поради нокт на ногата. Има силни емоции, но навистина треба да бидат пресреќни поради прикажаната игра“, коментираше Стив Мекманаман, поранешниот ас на Ливерпул и Реал Мадрид, за англиските медиуми.
Реванш натпреварот помеѓу Интер и Барселона е закажан за вторник, 6 мај.
Спорт
(Видео) Спектакл на „Монжуик“, Барселона-Интер 3:3

Спектакуларен натпревар одиграа Барселона и Интер на „Можуик“ во полуфиналето, на Лигата на шампиони. По 90 минути натпреварот заврши без победник 3:3.
Праведно реми на „Монжуик“, двата тима не заслужија да загубат, но ќе остане впечатокот дека Интер беше поблиску до победа.
Интер го започна натпреварот фантастично. Поведоа гостите по 30 секунди што е најбрзиот гол во историјата на полуфиналињата во Лигата на шампионите. Маркус Тирам реагираше брилијантно, со петица ја смести топката во голот.
Веќе во 21-та минута беше 0:2. Стрелец на уште еден атрактивен гол беше Дензел Дамфрис. Тој ја испрати топката во мрежата со ножички по корнерот и скокот на Ачерби.
И една интересна работа: Дамфрис стана првиот Холанѓанец кој постигнал гол и асистирал во полуфиналето на Лигата на шампионите по Весли Снајдер, кој го направи во дресот на Интер против Барселона.
Од тој момент, фудбалерите на Барселона се разбудија. Само три минути по вториот гол на „нероаѕурите“, публиката на „Монжуик“ сведочеше на магичен потег на 17-годишниот Ламин Јамал.
Само минута подоцна, Јамал ја погоди гредата, а во 38-та минута веќе беше 2:2. Школска акција на Каталонците: Педри испрати долга топка, Рафиња ја додаде со глава до Феран Торес, кој ја смести во мрежата.
Во второто полувреме немаше толку многу голови, но беше и возбудливо.
Во 64-тата минута повторно се истакна Дензел Дамфрис. Холанѓанецот беше највисок во скокот по корнерот за 2:3.
Сепак, новото водство на Интер траеше само две минути: силниот удар на Рафиња ја погоди пречката, топката се одби од главата на голманот на гостите Зомер и заврши во мрежата за 3:3.
Во 75-тата минута, топката по четврти пат се најде во мрежата на Каталонците, голот го постигна Хенрик Мхтарјан, но помошникот судија го крена знамето, а ВАР го потврди милиметарскиот офсајд.
Само три минути пред крајот на регуларниот дел, нов неверојатен потег на Ламин Јамал, центаршуткој заврши во гредата.
Реваншот на „Џузепе Меаца“ ќе се одигра во вторник на 6.мај.