Македонија
(Видео) Божиновски: Куманово 30 години е заложник на СДСМ, урбанистички хаос без развој и без капитални проекти
Општина Куманово и кумановци 30 години се заложници на СДСМ и неговите локални властодржци. Наместо развој на градот, сведоци сме на целосен застој предизвикан од неодговорното и криминално работење на властите. Денеска градот е типичен пример на „заевизмот”, обвини Игор Божиновски, од ВМРО-ДПМНЕ.
„ Години наназад изговор за катастрофалната состојба во Општина Куманово се наоѓаше во централната власт на ВМРО-ДПМНЕ, сега по 4 години централна власт на СДСМ кој е виновникот? Зошто Куманово се уште не личи и не функционира како што прилега на најголемата општина во државата? Кој е изговорот сега, освен вашата неспособност и реализирање исклучиво на личен и партиски интерес.
СДСМ има апсолутна власт во Куманово. Денеска во 2021 година со искрено жалење можеме да кажеме дека нашата општина е под целосна контрола на СДСМ, поточно на една помала група која безмилосно владее на штета на сите граѓани.
Затоа во Куманово не можеме да видиме изградба на ниту еден капитален проект, стратешко урбанистичко планирање, одржливи сообраќајни решенија, долгорочни еколошки политики, единствено што може да се забележи се кампањските шминкања пред изборите кои моментално се случуваат во општината“ изјави Божиновски.
Тој нагласи дека нема ништо од ветените две детски градинки, ново основно училиште, нов цевковод Липково Куманово, со кој, како што рече, требаше на долг рок да се реши проблемот со водоснабдување, петте катни гаражи во градот со кој требаше да се реши проблемот со паркирањето, и ветениот, а за жал нереализиран Генерален урбанистички план за општината.
„ Замислете општина како Куманово во која со децении владее СДСМ нема ГУП и затоа во градот владее урбанистички хаос. Златно правило на СДСМ во Куманово е да се остави со години да пропаѓа целата инфраструктура во општината, за да неколку месеци пред локалните избори да отпочне шминка чија крајна реализација е незначителна и нема реално влијание во подобрување на животот на граѓаните.
Граѓаните не се задоволни од работење на СДСМ, не се задоволни од 0 реализација на ветеното во изборната програма, незадоволни се од залудно потрошените 4 години, незадоволни се од празни зборови и неизброени лаги“ рече Божиновски.
Според него, повеќе од јасно е дека Куманово со СДСМ нема перспектива.
„ ВМРО-ДПМНЕ верува дека во нашата општина има сили и волја, конечно да излеземе од поданичкиот статус во кој не држи СДСМ цели 30 години. Оваа година исклучително ќе биде важно, сите заедно да ставиме крај на децениското пропаѓање на општината. Останаа уште неколку месеци до денот кога Куманово ќе отвори нова страница, без реваншизми и задкулисни игри, најдостоинствено, со заеднички сили и добри намери ќе ја градиме нашата општина“ додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ЦУК: Поплавени дворови и земјоделски површини, одрони на повеќе патни правци
Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти најнови информации за последиците од обилните врнежи на територијата на Македонија – состојба заклучно со 09:00 часот.
Кочани и Штип
Кај Оризарска река во село Грдовци има излевање. Водостопанство Брегалница интервенира со багер гасеничар. Механизацијата е сѐ уште на терен. Од понеделник ќе започне чистење на речното корито на Оризарска река од Грдовци кон Оризари со цел да се спречат идни несакани последици.
Сообраќајот на патниот правец Кочани Грдовци е нормализиран.
На повеќе патни правци во источниот дел се појавуваат одрони и Македонијапат интервенира за нивно расчистување.
Битола
Во населбата Стрчин КЈП Нискоградба интервенира со механизација за расчистување на нанос од чакал и земја.
Во селото Кравари има заезерени земјоделски површини без опасност по објектите.
Во селата Жабени и Породин има поплавени земјоделски површини и ЈП Водостопанство интервенира на Жабјанска река.
Елешка река е излеана и има поплавени земјоделски површини.
Нивото на водата во реките е во опаѓање.
Ресен
Поплавени се земјоделско земјиште, дворови, куќи, помошни објекти и магацини за складирање на јаболка.
Нивото на Голема река е намалено од 2,20 метри на 1,40 метри.
Ангажирани се екипи од ЕЛС Ресен, Македонијапат и ЈКП Пролетер Ресен кои вршат обиколка и проценка на состојбата на терен. Состојбата е нормализирана.
Крушево
Поради поројните врнежи водата за пиење е заматена и се препорачува да се преврива најмалку 10 минути.
Нивото на Црна река кај село Бучин е покачено но водата на местата каде што беше излеана е повлечена.
Екипи од ЈП Комуна, ТППЕ Крушево, ЕЛС Крушево и надлежни служби интервенираат на зајакнување на насипите кај критичните точки.
Демир Хисар
Локалниот пат кон село Мренога е затворен за сообраќај поради оштетување на мост на Боишка река. Надлежните служби ја обезбедуваат локацијата.
Прилеп
Во селото Лажани пријавена е штета кај еден жител поради поплавен двор и приземни простории и оштетување на тутунот.
Во селото Пешталево исто така имало поплавувања поради неисчистени канали.
Во двете села интервенираше градежна механизација за расчистување на каналите.
Тетово
Патот кон Бање Тетово е исчистен но СВР Тетово го има забрането сообраќајот од безбедносни причини.
Патот кон село Жерма и кон село Бродец е прооден.
Состојбата во село Стримница Општина Желино се следи континуирано од надлежните служби.
Македонија
Заладување и снег низ цела Македонија
Времето денеска ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд и снег во пониските предели, додека на повисоките места и на планините ќе врне снег. Поради продор на постудена воздушна маса од север, попладне и во текот на ноќта врнежите на целата територија ќе преминат во снег.
Пообилни снежни врнежи се очекуваат во западните делови од земјата, каде снежната покривка на планините ќе се зголеми за околу 20 сантиметри, додека во останатите места се очекува снежна покривка од 5 до 10 сантиметри. Минималните температури ќе се движат од -3 до 3, а максималните од 3 до 8 степени Целзиусови.
Во Скопје, претпладне ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег, кои попладне и во текот на ноќта ќе преминат во снег. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Температурата ќе се движи од минимални -2 до максимални 4 степени Целзиусови.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи, утре се очекуваат локални снежни врнежи и засилен северен ветер, кој ќе продолжи да дува и во понеделник. Од почетокот на следната седмица, утринските температури на одделни места ќе се спуштат и под -10 степени Целзиусови, додека дневните ќе останат под нулата.
Македонија
Филипче: СДСМ ќе го поддржи Лимани за градоначалник на Гостивар
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средба со членството во Гостивар информираше дека по разговорите е постигнат заеднички договор СДСМ да даде поддршка за кандидатот Валбон Лимани за градоначалник на Гостивар од опозициската Алијанса за Албанците.
„Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му дадеме поддршка на Валбон“, порача Филипче, додавајќи дека изборниот циклус ќе биде јасен индикатор за опозициското расположение во Гостивар.
Филипче додаде дека партијата има сериозни шанси да биде дел од идната локалната власт, со цел да обезбеди реална поддршка за сите граѓани на Гостивар.
Филипче посочи дека притисоците и злоупотребите во изборниот процес се реален проблем и дека токму тоа е една од причините СДСМ да не прифати укинување на техничката (Пржинска) влада.

