Македонија
Утре претпладне сончево, а попладне пороен дожд и грмежи

Времето утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до 34 степени. УВ=8
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, околу пладне и попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 31 степен.
И во понеделник во попладневните часови ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време и услови за појава на град.
Од вторник следува стабилизирање на времето со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, прашува дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?
„Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра? Венко Филипче да не се крие и да одговори, дали јахтата со која крстари по Егејското море е на Заев и е од марката Рива? Дали истата ја купил 850.000 евра? И на која фирма ја регистрирал?Венко Филипче да го праша Заев како е купена јахтата, и дали се употребени пари од државни тендери“, рече Лефков.
Според него, Венко Филипче ужива во раскошот на најдобрите пловила на светот, што ретко кој претприемач и бизнисмен од Македонија и регионот може да си го дозволи, а, како што рече, за лекар воопшто не станува збор.
„Безпредметно е лицемерието и обидите на лажното душегрижништво од СДС кога нивниот сегашен и поранешен претседател за неколку часа пловење со јахтата трошат една просечна плата само за гориво. И кога следен пат од СДС ќе се загрижат за народот или ќе лажат како тешко се живее нека му се јават на Филипче да го прашаат каде е, да не излезе некоја слика од фотографија од приватен авион“, рече Лефков.
Македонија
Исплатени средствата за субвенции за сметките за струја

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини во текот на месец јули 2025 година започна со исплата на финансиската поддршка за добитниците од претходната програма за субвенции.
Средствата се исплатени на 311 домаќинства со едно или повеќе деца со попреченост и на 94 згрижувачки семејства. Исплатата е извршена за месеците март, април, мај, јуни и јули.
Наеднаш се префрлени средствата за месеците март, април, мај и јуни. Доколку префрлените средства го покриваат износот на сметката за електрична енергија, остатокот се пренесува за следниот месец и на сметката е евидентиран како претплата.
Од Министерството потсетуваат дека во тек е аплицирањето за две програми за финансиска поддршка.
Програмата за поддршка за ранливи потрошувачи на електрична енергија за 2025 година – за домаќинства со едно или повеќе лица со тешка или длабока интелектуална попреченост, со најтешка телесна попреченост, потполно слепо лице или потполно глуво лице. Финансиската поддршка изнесува 1.000 денари месечно во текот на 12 месеци, преку намалување на сметката за потрошена електрична енергија.
Во тек е и програма за набавка и вградување на инвертер клима-уреди – за домаќинства кои ги исполнуваат условите утврдени во јавниот оглас, со цел намалување на потрошувачката на електрична енергија и подобрување на енергетската ефикасност.
Вкупно се обезбедени 170 милиони денари за реализација на оваа мерка и тоа 120 милиони денари за домаќинства со ниски приходи и 50 милиони денари за домаќинства чиј единствен приход е пензија.
Секое домаќинство што ќе биде одбрано ќе добие купен и вграден инвертер клима уред со моќност од 3.5 kW и енергетска класа најмалку А+, како дел од мерките за енергетска ефикасност и намалување на трошоците за енергија.
Министерството ги повикува сите граѓани кои ги исполнуваат условите да аплицираат навремено и да ја искористат оваа можност за намалување на трошоците за електрична енергија.
Македонија
На Ќафасан откриени 21 килограм пастрмка скриени во автомобил

На Ќафасан е откриена пастрмка скриена во автомобил, во просторот за резервна гума, информира Цринската управа.
Од почетокот на годинава Царинската управа во повеќе случаи спречи обиди за шверц на над 4 тони храна меѓу која најмногу маслиново масло – 560 литри и 3,7 тони овошје и зеленчук.
Последен случај е откриен деновиве на граничен премин Ќафасан, кога државјанин на Албанија се обидел нелегално да внесе 21 килограм свежа пастрмка скриена во просторот за резервна гума. На прашање на царинските службеници дали има нешто да пријави, тој одговорил дека нема, но при детална контрола се пронајдени шест кеси со риба.
Поведена е соодветна постапка против лицето кое се обидело нелегално да внесе небезбедна храна – транспортирана во несоодветни услови и без потребни сертификати и дозволи од надлежни институции.