Црна хроника
Обид за убиство во Велешко

Жител на село Горно Оризари со секира ја нападнал неговата сопруга која се здобила со сериозни повреди на главата и раката и е во животна опасност
Семејна драма утрово се случила во селото Горно Оризари. Седумдесет иедно-годишниот Т.М. со секира ја нападнал неговата сопруга, шеесет иосум-годишната Џ.М, која поради сериозноста на повредите е префрлена во Ургентен центар Скопје. Како пто пренесува Лисица, двајцата сопружници утрово околу 5.30 часот излегле во дворот од сопствената куќа. Сопругот зел секира и со неа неколкупати ја удирал по главата и раката, при што и нанел сериозни повреди. Таа веднаш била пренесена во велешката болница, каде лекарите ја реанимирале и била препретена во скопскиот Ургентен центар.На местото на семејната трагедија увид изврши јавен обвинител, истражен судија и увидна екипа на СВР Велес.„Сторителот е приведен во просториите на Полициската станица, каде се уште се преземаат мерки за расветлување на случајот и утврдување на мотивот за стореното дело, рече Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.Во селото денеска молк. Никој не сакаше да каже што и зошто се случил грозоморниот чин. Сега сопругот Т.М. кривично ќе одговара за обид за убиство врз својата сопруга.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Со тврд предмет ги нападнал сопругата и малолетната ќерка: уапсен скопјанец

Синоќа во 20:30 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 39-годишник од Скопје.
Полицијата постапила по претходна пријава од неговата 42-годишна сопруга дека во семејниот дом, физички ги нападнал неа и нивната малолетна ќерка, при што употребил и тврд предмет.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Ги претепал двете сестри: кривична за 19-годишник од Тетовско

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 19-годишник од тетовско село.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „телесна повреда“.
Имено на 09.08.2025 во семејниот дом, пријавениот физички ги нападнал двете негови сестри, од кои едната е малолетничка.
Црна хроника
Прегазено седумгодишно дете во Скопје

Вчера во 17:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Максуд Садик“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 24-годишната А.А. од Скопје, удрило во седумгодишно дете-пешак од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа од СВР Скопје.