Црна хроника
СВР Штип откри измамник

Во експресна акција на полицијата откриен е 25-годишниот измамник Горан Тасевски од село Долни Балван
Тасевски во моментот се наога на издржување на затворска казна во Затворот во Штип ,тој времето за викенд отсуство го искористил повторно да измами некој.Како што информиравме вчера овојпат Тасевски измамил таксист. Кога се качил во возилото на таксистот од него побарал да го однесе во Кочани потоа пак да го врати назад .Кога требало да плати му рекол на таксистот деке треба со пријателот да ги однесе во Велес па потоа ке плати. Во мегувреме на таксистот му понудил да му продаде нафта . Таксистот се согласил и му дал 2.000 денари кои Тасевски ги побарал за 50 литри нафта.По некое време таксистот отишол во кафеаната каде се договориле да се најдат и Тасевски да ја донесе нафтата .Почекал некое време, се додека не сватил дека е измамен и пријавил во полиција.Горан Тасевски и е познат на полицијата по случаите на измама . Измами неколку жители во Балван Крупиште и Чардаклија на кои за пари им продавал нафта а откако ке ги земал парите исчезнувал. Тасевски по ова подолго време ќсе остане зад решетки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Кривична против 22-годишен скопјанец: полицијата пронашла кокаин, марихуана, пиштол и куршуми во неговиот дом

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 22-годишниот А.С. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 07.05.2025, полициски службеници со судска наредба извршиле претрес во домот на пријавениот во Скопје, при што биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана, пиштол „Чешка зброевка“ калибар 7,65 мм и куршуми калибар 7,65 мм, кои ги поседувал без дозвола.
Црна хроника
Малолетници од Куманово истепани од нивни соученици

Вчера во 18.50 часот во СВР Куманово, И.А.(50) и А.Б.(54), двајцата од Куманово, пријавиле дека на 06.05.2025 околу 17 часот, во близина на средно училиште во Куманово, по претходно недоразбирање, нивните малолетни деца биле физички нападнати од неколку малолетници, кои биле од истото училиште, при што употребиле тврд предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во кругот на Затвор Скопје пронајдени две кесички со марихуана

Денеска околу 08.30 часот во СВР Скопје, од Казнено поправната установа Затвор Скопје било пријавено дека во кругот на установата биле пронајдени и одземени две кесички со марихуана.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.