Македонија
Османи на Линде и врачи постхумно признание за Ана Линд, по повод 30 години независност
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, посетата на министерката за надворешни работи на Кралството Шведска, Ан Линде, на Скопје ја искористи да и врачи постхумно признание по повод 30 години независност, на Ана Линд, поранешна министерка за надворешни работи на Шведска и претседавач со Советот на ЕУ во 2001.
„Ние особено го вреднуваме придонесот на Ана Линд, низ призмата на развојот и активното вклучување на Северна Македонија како модерна и просперитетна членка на меѓународната заедница. Ана Линд, во својство на министер за надворешни работи на Шведска и претседател на Советот на министри на ЕУ, одговорна за застапување на официјалната надворешно-политичка позиција на Европската унија, придонесе неизмерно за финализирање на преговорите и за потпишување на Договорот за стабилизација и асоцијација помеѓу Северна Македонија и ЕУ во Луксембург на 9 април 2001. Северна Македонија беше првата земја од Западен Балкан која тогаш успешно ги заврши преговорите и потпиша ваков договор со ЕУ. Министерката Линд, која ја претставуваше ЕУ, исто така, имаше конструктивна и важна улога и за време на конфликтот во 2001 година, повикувајќи на меѓуетнички дијалог и зајакнување на врските со ЕУ врз основа на новиот Договор за стабилизација и асоцијација“, истакна Османи при врачувањето на признанието.
Во рамките на проектот на министерството за надворешни работи, по повод 30 години независност на Република Северна Македонија, Османи ќе врачи признанија на 30 странски државјани, високи функционери од ЕУ и НАТО, државници, дипломати и познавачи на нашата држава и регионот. Со овој чин се придава симболично признание за оставениот белег во консолидација на нашата самостојност, поддршката и помошта во заокружување на евро-атлантската перспектива, како и зацврстувањето на мултиетничката, мултикултурна и мултиконфесионална кохезија на нашата држава и општество, велат од кабинетот на Османи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Петровец и Кисела Вода
Без струја денеска ќе останат делови од Петровец и Кисела Вода.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 01.12.2025 година ( понеделник ) без електрична енергија ќе останат: во периодот од 08.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Димитар Мирасчиев. ( општина Кисела Вода ), во периодот од 08.30 до 14.30 часот, корисниците од главната улица во село Дивље. ( општина Петровец ) и во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Христо Татарчев – крак 15 – Припор. ( општина Кисела Вода )“, информира РЦУК.
Македонија
Приведени седум лица по натпреварот меѓу ФК Вардар и ФК Шкупи
Седум лица се приведени поради нарушување на јавниот ред и мир по завршувањето на фудбалскиот натпревар меѓу ФК Вардар и ФК Шкупи.
Според информациите на МВР, синоќа по завршување на фудбалскиот напревар во рамките на Прва македонска фудбалска лига одигран помеѓу екипите на ФК Вардар АД Скопје и ФК Шкупи Скопје одигран на спортскиот комплекс на ФФМ „Петар Милошевски”, се приведени седум лица.
Тие се приведени поради сторени прекршоци со фрлање на пиротехнички средства од Законот за спречување на насилство на спортски натпревари, како и за нарушување на јавниот ред и мир со непристојно и дрско однесување и непочитување наредба на полициски службеници на две одделни локации на подрачје на град Скопје.
Македонија
Сончево време со мала до умерена облачност, температурата до 15 степени
Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени, информира УХМР.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Од утре ќе преовладува претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд. На некои од повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла.

