Македонија
13 нови случаи на Ковид-19, починати нема
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.952 тестирања, а регистрирани се 13 нови случаи на Ковид-19: од Скопје и Тетово по 3, Охрид и Кичево по 2 и по еден во Куманово, Прилеп и Струмица.
Регистрирани се и 31 оздравен пациент од Скопје – 14, Кичево – 4, Прилеп – 3, Куманово, Битола и Кочани по 2 и по еден од Тетово, Гостивар, Крива Паланка и Кратово.
Не се регистрирани нови починати лица.
Направени се 2.952 тестови преку: ИЈЗ-97, ЦЈЗ Скопје-36, ЦЈЗ Битола-52, ЦЈЗ Прилеп-45, ЦЈЗ Тетово–20, ЦЈЗ Куманово–44, Судска медицина-1, ГОБ 8-ми Септември-13, Институт за микробиологија–2, МАНУ-96, Жан Митрев (Филип Втори)-79, Авицена-291, Биотек-235, Систина-163, лабораторија Лаор-201, Синлаб-28, Ремедика-19, Плодност–64, Генеа–13, Никоб лаб-292, ВФВ Медикал-13, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.148.
Досега во земјата се направени вкупно 859.226 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 155.640, бројката на оздравени пациенти е 149.908, на починати е 5.477, а бројот на активни случаи изнесува 255.
Според епидемиолошките анализи, дистрибуцијата по градови во моментов е следна:
Скопје 68646, Активни 91
Куманово 8879, Активни 33
Прилеп 8327, Активни 22
Тетово 7244, Активни 25
Битола 6304, Активни 6
Велес 5472, Активни 4
Гостивар 5181, Активни 7
Кавадарци 5153, Активни 0
Охрид 5018, Активни 16
Штип 4960, Активни 1
Струмица 4118, Активни 6
Струга 2981, Активни 1
Кочани 2792, Активни 1
Кичево 2593, Активни 18
Гевгелија 2195, Активни 2
Неготино 2184, Активни 0
Свети Николе 1523, Активни 0
Ресен 1234, Активни 0
Крива Паланка 1226, Активни 5
Радовиш 1161, Активни 2
Берово 1029, Активни 0
Делчево 973, Активни 1
Дебар 941, Активни 1
Виница 886, Активни 4
Пробиштип 789, Активни 0
Валандово 666, Активни 1
Богданци 494, Активни 0
Крушево 490, Активни 1
Демир Хисар 400, Активни 3
Демир Капија 396, Активни 0
Кратово 377, Активни 3
Македонски Брод 359, Активни 1
Пехчево 268, Активни 0
Македонска Каменица 249, Активни 0
Дојран 132, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Агресивен карцином кај 10 годишната Ева, се бараат донации
Десетгодишната Ева е девојче кое се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
„Ви се обраќам во име на моето семејство и за најважната личност во нашиот свет, Ева, која е радосно, љубопитно, отворено, храбро десетгодишно дете кое одеднаш се соочува со борбата на својот живот. Нашето мало сонце се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
Овој вид на дијагноза не може да се лекува во Македонија, бидејќи нема центри ниту експертиза за да се обезбеди потребната грижа и третман. Туморот е класифициран како високостепен и брзо се шири, лекарите советуваа итно лекување во странство во специјализирани центри.
Времето и дејствувањето се критични. Во моментов таа е примена во специјализирана клиника во Минхен – Германија, каде што ја завршуваме последната фаза од дијагностиката (закажан термин за ПЕТ/КТ скенирање следната недела, по МРИ, биопсија, рендгенски снимки и крвни проверки).
Од она што го знаеме, третманот ќе следи во три фази:
1. Приближно два месеци интензивна хемотерапија
2. Хируршко отстранување на туморот
3. Дополнителни шест месеци хемотерапија“, стои во објавата.
Средствата се наменети за покривање на трошоците за медицинското лекување во Германија. Донации за помош на малата Ева може да се дадат на следниот линк.
Македонија
Телефонски разговор на Муцунски со Гидеон Саʼар за состојбата со Иран
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски попладнево остварил телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саʼар.
Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информираат дека била реафирмирана поддршката за координираните напори на Соединетите Американски Држави и Израел во однос на Иран, како и неопходноста од зачувување на регионалната стабилност и безбедност.
– Беше истакнато дека продолжената блиска соработка е од суштинско значење за мирот и одвраќањето. Воедно, беше нагласено дека иранскиот народ, како и сите народи во регионот, заслужуваат мир, стабилност и можност за просперитет, се наведува во соопштението.
Македонија
Почина хирургот и професор Владо Јаневски
По повеќегодишно боледување, на 71-годишна возраст, денеска почина познатиот хирург, професор и доктор Владо Јаневски, сопруг на министерката за образование и наука Весна Јаневска.
Јаневски важеше за истакнат медицински професионалец кој зад себе остави значаен придонес во хирургијата и медицинската едукација. Во текот на својата кариера, своето знаење и искуство ги пренесе на бројни лекари и хирурзи, кои денес работат во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, како и во приватните здравствени установи.
Посмртните останки ќе бидат изложени утре, 1 март, во 11:00 часот, во капелата во Бутел.

