Црна хроника
Бостонскиот гангстер Балџер осуден за убиства и рекет

Џејмс „Вајти“ Бaлџер, еден од најозлогласените бостонски криминалци со најмногу публицитет, во понеделникот поротата го прогласи виновен за убиства и рекетирање на судењето кошето траеше повеќе од два месеца.
Поротниците, меѓутоа, утврдиле дека сојузните обвинители ги докажале своите тврдења во само 11 од 19-те убиства за кои беше обвинет дека ги извршил или наредил да бидат извршени додека ја предводел „Винтер Хил“, легендарната гангстерска банда од седумдесетте и осумдесеттите години на минатиот век.
Џејмс Балџер кој сега има 83 години, веројатно остатокот од животот ќе го мине во затвор. Тој беше уапсен во 2011 година во сојузната држава Калифорнија, во Санта Моника откако десет години беше на врвот од најбараните личност од страна на американското Федерално биро за истраги FBI за кого беше распушана награда од два милиона долара. Балџер тогаш беше уапсен без инциденти во приватна резиденција каде престојувал со неговата придружника Катерина Грег со која исчезнаа во 1994 година.
Поротата утврдила дека властите докажале 11 убиства, повеќето во периодот кога тој бил доушник на FBI, не се докажани седум а во еден случај поротниците не успеале да донесат одлука, пренесува Reuters.
Балџер се изјаснил невин, иако неговите адвокати признале дека нивниот клиент бил трговец со дроги, уценувач и лихвар, или „организиран криминалец“. Самиот тој одбил да сведочи на судењето.
Процесот против Балџер беше редовно следен од повеќето преживеани членови на семејствата не неговите жртви кои долго ја очекуваа пресудата за убиствата.
Вајти, кој е инаку брат на поранешниот влијателен демократскиот сенатор Вилијам Балџер, беше прототип за главниот лик во трилерот „The Departed“ од 2006 година на Мартин Скорсезе.
Во феврурари 2013 година беше објавено дека во мај во продукција на студиото „Universal“ почнува снимањето на филмот посветен на животот и судбината на Џејмс Вајти Балџер, гангстерот кој станал доушник на FBI за да го елиминира својот гангстерски конкурент, меѓутоа на крајот во 2011 година го уапсија токму сојузните агенти. Сценариото за филмот е направено според книгата на двајца новинари на дневниот весник Boston Globe, „Black Mass“./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен 32-годишник од Скопско, превезувал прехранбени производи без документација

Вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Р.(32) од село Брест, скопско под сомнение за сторено кривично дело согласно член 278 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија.
Имено, при преглед на товарно моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки кое Б.Р. го управувал била констатирана поголема количина на прехранбени производи и филтри за цигари со неутврдена количина и без соодветна документација.
Б.Р. е задржан во Полициска станица известен е јавен обвинител, а возилото е одземено за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Уапсен скопјанец, при претрес пронајдени 71 паковка со марихуана

Вчера во 20:45 часот на улицата „Индира Ганди“ во Скопје од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршен претрес на 43-годишниот Џ.Ш. од Скопје при што биле пронајдени 71 полиетиленска паковка со марихуана.
Лицето е лишено од слобода по член 215 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.