Македонија
Османи и Сијарто го отворија Почесниот конзулат на Унгарија во Штип

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи заедно со министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, официјално го отворија Почесниот конзулат на Унгарија во Штип.
Во своето обраќање, министерот Османи нагласи дека со отворањето на овој почесен конзулат, кој како подрачје на покривање го има целиот Источен регион на земјава ќе се овозможи голем економски потенцијал и за унгарските инвеститори, но и потенцијал за домашните извозно ориентирани бизниси да ги искористат можностите на големиот унгарски пазар. Во оваа прилика упати честитки и за новоименуваниот Почесен конзул, Данела Арсовска, за која како актуелен и долгогодишен предводник на Сојузот на Стопански комори, оваа функција ќе и биде уште предизвик преку кој ќе создаде услови за фелата од каде доаѓа, за бизнисите во земјава, за искористување на исклучително блиските односи кои ги негуваме со нашите пријатели од Унгарија.
„Уверен сум дека ние како политичари, нешто за кое со колегата Сијарто секогаш сме согласни, е дека мора да обезбедиме повеќе простор за развој на бизнисот, за прилив на нови странски инвестиции, за повеќе пазари за постојните бизниси, повеќе работни места, поголеми примања и сѐ она што преставува зголемување на економската активност и пред сѐ унапредување на економскиот стандард во најширока смисла на зборот“, истакна Османи.
На билатералната средба меѓу Османи и Сијарто, која следеше по официјалното отворање на Почесниот конзулат, двајцата министри го поздравија интензивниот политички дијалог и меѓусебна соработка, како и одличните билатерални односи и подготвеноста, покрај на политичката димензија, на нашите односи да биде додадена вредност и со многу други форми и активности на соработка, за што двете страни вложуваат напори.
Министерот Османи, како што информираат од неговиот кабинет, се заблагодарил за досегашната помош која Унгарија ја обезбеди за Северна Македонија во нејзиното справување со пандемијата, а разменети биле мислења и за најновите мерки за отклонување на економските последици од оваа сложена здравствена криза.
Соговорниците ја искористиле приликата да разговараат за најновите состојби во процесот на европската интеграција на Северна Македонија, биле разменети и други прашања од интерес за нашиот регион, регионалната соработка и безбедноста на нашите граници, како и ангажманите во Регионот на планот на придвижувањето кон Европската унија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ивановска: Претседателката на ДКСК мора под итно да си поднесе оставка, на потег е Собранието

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, мора итно да си поднесе оставка, затоа што на овој начин сè уште ја инфицира институцијата, порача поранешната претседателка на ДКСК Билјана Ивановска.
Според Ивановска несомнено е нанесен тежок удар врз општеството, граѓаните и институцијата, нагласувајќи дека не е момент да се седи со скрстени раце. На потег, вели, сега е законодавниот дом пред кого одговараат и претседателката и членовите на Антикорупциската комисија.
Димитровска минатата недела се најде на листата осомничени во случајот „Адитив“ поради оддавање службени тајни на друг обвинет во случајот.
Македонија
Богојески ја менува постапката за избор на надворешни експерти за оценување на проектите и апликациите за Еразмус+

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност го објави почетокот на клучна постапка, а во рамки на заложбите за транспарентност и борба против корупцијата.
Денес, директорот на Националната агенција, Петар Богојески, донесе нова процедура за постапката за избор на надворешни експерти/евалватори за оценување на предлог-проекти и/или периодични и конечни извештаи од одобрени проекти, како и за апликации во рамките на програмите Еразмус+ (2021–2027) и Европски солидарен корпус (2021–2027).
Во таа насока, како што посочуваат од Националната агенција, ќе следува целосна реевалуација на постојните евалватори, согласно највисоките професионални стандарди и етички норми. Потоа, ќе биде објавен нов јавен повик за избор на професионални и департизирани евалватори, експерти од различни области, кои со својата стручност и интегритет ќе придонесат кон натамошно зајакнување на кредибилитетот на Агенцијата.
Со оваа постапка, од Националната агенција велат дека се испраќа јасна порака дека борбата против корупцијата е приоритет и дека се стреми да биде пример за интегритет и професионализам, не само во нашата земја, туку и во земјите членки на Европската унија.
Македонија
Филков : Сите закони, кои се дел од реформската рамка, се подготвени или се во финална фаза на усвојување

Министерот за правда Игор Филков на денешната прес конференција се осврна и на Реформската агенда и законите кои се подготвени или се во финална фаза на усвојување во изминатите 10 месеци.
Подготвени се:
-Предлог Закон за судски совет
-Предлог Закон за јавно обвинителство
– Предлог Закон за платите на јавните обвинители
-Кривичен законик
-Предлог Закон за кривична постапка
-Предлог Законот за судска служба
Во план и подготовка се и:
Предлог Законот за судски буџет
Предлог Законот за Советот на јавни обвинители
Предлог Законот за јавнообвинителска служба
Измени на Изборниот законик, со поддршка на ОДИХР.
Закони со кои се регулираат платите на судиите, јавните обвинители, и јавно обвинителската служба
Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер
Закон за помилување
Закон за вештачење
Закон за нотаријат
Закон за извршување
Закон за пробација
Закон за извршување на санкции
Закон за конфискација на имот во граѓанска постапка
Закон за заштита на лични податоци
,,Реформската агенда има рокови до кои законот треба да биде донесен од Собранието. Од друга страна, Годишната програма на Владата опфаќа поранешна фаза — кога законот треба да биде доставен до ЕНЕР или до Владата.
Во просек, собраниската постапка трае два месеца. Кај одредени закони, постојат надворешни фактори.
Изборниот законик, на пример, бара широк политички консензус,”рече министерот за правда Игор Филков.
Министерот порача дека се оди на квалитетни измени и законски решенија во интерес на граѓаните, не како што досега била праксата да се носат во интерес на поединци или какви било интересни групи кои што во минатото ги носеле измените на штета на граѓаните ,на начини на кои што сите ги знаеме.
,,Законите се тука, подготвени, доставени, транспарентно објавени. Ние нема да дозволиме реформите да бидат жртва на дневна политика или бирократска инертност. Затоа ќе повторам: реформите не се желба, туку одговорност. И Министерството за правда таа одговорност ја носи до крај”,потенцира министерот за правда Игор Филков.