Контакт

Вести

Лавров: Кери советуваше да не се обрнува внимание на изјавите на Обама

Објавено пред

Американскиот државен секретар  Џон Кери препорачал да не се обраќа големо внимание на изјавите на претседателот на САД, Барак Обама кој ја изедначи Русија со опасноста од тероризмот и епидемијата од ебола, изјави во средата шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во настапот во руската Дума во кој додаде дека не постои земја во светот на која Вашингтон не извршил притисок да воведе санкции против Москва, додека за односите со НАТО и ЕУ наведува дека во овие организации владее дисциплина, зад убаво спакуваните фрази за единство.

dobivaj vesti na viber

„Јас му обратив внимание на овие јавни закани, кој претседателот (на САД, Барак) Обама си ги дозволи, почнувајќи уште со неговиот говор на Генералното собрание на ОН… Не толку одамна, во комуникацијата со (државниот секретар на САД) Џон Кери, го прашав што треба да значат тие зборови. Тој ми одговори ’Не обрнувај внимание’. Доколку тоа навистина е сериозно, тоа, во крајна линија, е тажно“, рече рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, на ткн „владин час“ во руската државна Дума.

Според Лавров, овие зборови на Кери покажуваат дека „во тој момент тој сакаше да разговараме како да го координираме пристапот за иранската нуклеарна програма и ситуацијата на Корејскиот полуостров“.

„Не е својствено за голема, моќна држава, да има побарувачки пристап кон своите партнери, во стилот онаму каде што нам ние е потребно, помогнете, а кога сакам да ве казнам – ќе ме слушате“, истакна Лавров.

Лавров притоа пред руските парламентарци зборуваше и за обидите на САД да влијаат врз многу земји да ги поддржат санкциите коишто Вашингтон и Европската унија ги воведоа против Русија во врска со украинската криза.

„Неодамна во Пекинг (на самитот на APEC), директно му се обратив во врска со санкциите на државниот секретар Кери во врска со тоа дека претставници на САД патуваат низ светот, и оти не постои влада на којашто не и’ се обратиле и не побарале од неа да ги поддржи санкциите против Руската Федерација“, тврди шефот на руската дипломатија.

Притоа Лавров истакна дека „во огромен број случаи тие трикови не минуваат, но срамен е, барем за мене, самиот факт што една велесила се занимава со такво нешто, трча по целиот свет и ги принудува сите да го следат нејзиниот курс“.

Челникот на руското министерство за надворешни работи, исто така, смета дека во НАТО и Европската унија функционира принципот на „стапче за дисциплинирање“, зад тврдењата за единство во овие евроатлантски организации. Лавров така го коментираше пратеничкото прашање за впечатокот дека членките на НАТО се единствени во своите одлуки, иако во поединечни изјави во Организацијата за колективна безбедност и соработка „постојат нијанси во позициите“

„Во НАТО и во ЕУ не е се така едноставно, но морам да бидам искрен, во нив преовладува механизмот за дисциплинирање. Сето тоа е убаво спакувано во фразата дека кај нив функционира принципот на консензус, сите се трудат да ги наметнат своите позиции едногласно“, изјави Лавор во Државната Дума./крај/мф/сн

 

Извор: РИА Новости



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа18 минути

Шефот на украинската армија: Ги зајакнуваме силите во Курск

Украина го зголемува бројот на силите во областа Курск во Русија, изјави денеска украинскиот врховен командант Олександр Сирски, пренесе „Си-би-ес...

Европа25 минути

Зеленски нема да учествува на денешните мировни преговори меѓу украинските и американските претставници

Украинскиот претседател Володимир Зеленски нема да учествува на денешните мировни преговори меѓу украинските и американските претставници во Саудиска Арабија, но...

Европа2 часа

(Видео) Русија: Украина изврши напади со беспилотни летала врз Москва

Руските единици за противвоздушна одбрана уништија најмалку 11 украински беспилотни летала на пат кон Москва, изјави рано утрово градоначалникот на...

Регион2 часа

(Видео) Вучиќ си замина додека Дачиќ даваше изјава: „Ова не можам да го слушам“

Српскиот претседател Александар Вучиќ и министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ синоќа приредија своевидна драма додека даваа изјави откако го...

Регион2 часа

(Видео) Српската полиција се судри со студентите пред зградата на РТС

Студентите од Србија, кои подолго време се во блокада против режимот на Вучиќ, ја блокираа зградата на Радио телевизија на...

Македонија17 часа

ССМ најави можен штрајк на 2 и на 7 април доколку Владата не ги повика на преговори за 500 евра минимална плата

Големи се шансите на 2 и на 7 април, доколку нема слух од спротивната страна, Сојузот на синдикатите на Македонија...

Македонија17 часа

Камбовски: Личен чин е дали членовите на Судскиот совет ќе поднесат оставки или не

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски денеска изјави дека набрзо ќе биде избран в.д. претседател на Врховниот суд, а изборот...

Македонија18 часа

Андоновски до потписот не знаел дека компанијата што добила два тендера во неговото министерство е на сопругот на државната секретарка

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски не ги поништил тендерите за набавка со компанијата сопственост на сопругот на државната секретарка...

Свет18 часа

Кремљ: Русија и САД имаат долг и тежок пат пред нив

Русија верува дека обновувањето на односите со САД е долгорочна и тешка задача, но верува дека постои политичка волја за...

Топ20 часа

Две лица од Ресен и Штип загинаа во сообраќајни несреќи вчера во Македонија

Две лица го загубија животот во одделни сообраќајни незгоди во текот на вчерашниот ден. Првата се случи на магистралниот пат...

Економија21 час

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе oдлука...

Македонија22 часа

Сиљановска-Давкова ги потпиша указите за отповикување девет амбасадори од должноста

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги потпиша указите со кои се отповикуваат осум амбасадори од должноста бидејќи заминале на тие позиции без...

Македонија23 часа

Пендаровски е озборувач, кој покажа дека е против Америка, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Социјалдемократскиот сојуз си го покажа вистинското лице и на планот на меѓународната политика на државава. Освен нивните аналитичари, сега и...

Македонија23 часа

„Мицкоски и Таравари се препелкаат во лаги – зошто веднаш не ја отфрлаат штетната понуда на ‘Ѓока констракшн’“, прашува СДСМ

„Не е јасно кој повеќе лаже – дали Мицкоски или Таравари – во однос на случајот со паркингот на Клиничкиот...

Свет1 ден

(Видео) Новиот канадски премиер: Трамп ги напаѓа нашите работници и семејства, тоа нема да го дозволиме

Поранешниот гувернер на централната банка Марк Карни победи во трката за лидер на канадската владејачка Либерална партија и ќе го...

Европа1 ден

Европа значително го зголеми увозот на оружје во последните четири години

Европскиот увоз на оружје се зголеми за 155 отсто помеѓу 2020 и 2024 година, при што Украина стана најголемиот увозник...

Свет1 ден

Израелците лути на Американците; Претставникот на Трамп: Навистина не ми е грижа

Пратеникот на Трамп за прашањето за заложниците, Адам Болер, рече дека „навистина не му е грижа“ за критиките од израелскиот...

Свет1 ден

Иран: Ќе преговараме со САД, само без притисок и закани

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи синоќа во објава на социјалната мрежа Икс напиша дека неговата земја ќе преговара...

Свет1 ден

(Видео) Трамп: Украина можеби нема да преживее

Доналд Трамп синоќа изјави дека Украина можеби нема да преживее, со или без Американците. Тој го изјави ова во интервју...

Македонија2 дена

Андоновски најави нови правила за онлајн медиумите

Со измените на Законот за медиуми, кои се во владина процедура и наскоро ќе влезат во собраниска расправа, ќе се...