Спорт
Ферстапен остана најбрз во Австрија, Ботас со опасно извртување во боксот
Макс Ферстапен ги заддржа Ред бул рејсинг на првото место и по вториот тренинг пред ГП на Штаерска на патеката Ред бул ринг во Австрија, најавувајќи уште еден викенд во кој ќе имаат подобар болид од ривалите од Мерцедес.
Времето на Ферстапен од 1:05.412 беше три десетинки од секундата побрзо од времето на Даниел Рикардо во Мекларен, додека трет беше Естебан Окон во болид на Алпине. Светскиот шампион Луис Хамилтон беше единствен возач на Мерцедес во топ 10 со четврто место, пред Фернандо Алонсо (Алпине), Себастијан Фетел (Астон Мартин), Лендо Норис (Мекларен), Ленс Строл (Астон Мартин), Серхио Перез (Ред бул) и Антонио Џовинаци (Алфа Ромео).
На 20 минути пред крајот на сесијата имаше неверојатен инцидент во боксот, кога вториот возач на Мерцедес, Валтери Ботас, се изврте при излегувањето од боксот, за малку собирајќи ги со себе механичарите на Мекларен, кои потоа му помогнаа да го помрдне болидот. ФИА потврди дека инцидентот е под истрага.
Here's another look at FP2's big talking point, Valtteri Bottas' spin in the the pit lane#StyrianGP ?? #F1 pic.twitter.com/Hc2jZ4DIWx
— Formula 1 (@F1) June 25, 2021
Max Verstappen lands P1 for the second time on Friday
Who impressed you most in FP2? ?#StyrianGP ?? #F1 pic.twitter.com/zL5OsUEE9X
— Formula 1 (@F1) June 25, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Николов и Начески манипулирале со фитнес тестовите – ЕХФ ги суспендира од ЕП
Голем скандал го потресе ракометниот свет само неколку дена пред почетокот на Европското првенство. Во центарот на скандалот се македонските судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.
Непосредно пред почетокот на Европското првенство, Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги исзбриша Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, од списокот на судии.
Добро познатиот судиски пар, еден од најдобрите во светот, присутен на ракометните терени повеќе од една деценија, нема да дели правда на Европското првенство.
Се покажа дека Николов и Начевски мамеле на тестовите за физичка подготвеност. ЕХФ дозна дека двајцата ги манипулирале тестовите пред почетокот на натпреварувањето за да се најдат на списокот од кој сега се избришани.
Како што е наведено, ЕХФ ќе спроведе детална истрага. Тој факт нема да ја промени одлуката за „отстранување“ на дуото од списокот на судии за Европското првенство.
Николов и Начевски со години судеа на најголемите натпреварувања, имаа можност да судат некои од најважните натпревари – на пример, тие го судеа финалето на Олимписките игри, како и финалето на ЕП во 2020.
Оваа година, Европското првенство се игра во Данска, Шведска и Норвешка, а започнува на 15 јануари.
Фото/ архива, Топспорт
Спорт
(Видео) Судијата во преден план, Камерун оштетен против Мароко
Мароко го победи Камерун со 2:0 во петокот вечерта и се пласираше во полуфиналето на Африканскиот куп на нации. Ден по натпреваротм најмногу се зборува за судијата Беид Дахане, кој сериозно го оштети Камерун. Интересно, тој не требаше да биде првиот судија на овој натпревар.
Головите за Мароко ги постигнаа Брахим Дијаз во 26-та минута и Исмаел Саибари во 74-та минута, но двете одлуки донесени од судијата во текот на овој натпревар, двете при резултат 1:0 за Мароко е она што се анализира во јавноста.
Дијаз е првиот играч кој постигнал гол во пет последователни натпревари на Африканскиот куп на нации од 1974 година, а Мароко е во полуфиналето за прв пат по 22 години. Во 2004 година, Мароко беше поразен во финалето од Тунис.
Но, да се вратиме на судијата…
Првата грешка ја направи во 64-та минута кога Билал Ел Канус беше поштеден од очигледен жолт картон кој за него ќе беше втори, односно исклучувачки.
По пет минути судијата повторно беше во центарот на вниманието, кога не досуди пенал за Камерун по стартот на Адам Масина врз Брајан Мбеумо.
Интересно е што судијата од Мавританија не беше ниту делегиран да го суди овој натпревар. Прв избор на CAF беше Амин Омар од Египет, но Мароко протестираше против оваа одлука и на крајот го доби она што го сакаше – промена на судијата за четвртфиналниот натпревар.
Foto/ EPA/JALAL MORCHIDI
Спорт
(Видео) Судија се повреди на НБА натпревар, го напушти теренот во инвалидска количка
Необичен настан го обележа натпреварот во НБА лигата, меѓу Орландо и Филаделфија. Искусниот судија Бил Кенеди се повреди и го напушти натпреварот во инвалидска количка.
Несреќата се случи кон крајот на првата четвртина, кога 59-годишниот судија следеше брз контранапад на Севентисксерс.
Во еден момент почна да куца, а потоа се повлече зад кошот на домашниот тим, каде што седна и побара медицинска помош.
Натпреварот беше веднаш прекинат, а медицинскиот тим, неколку минути, му укажуваше помош на еден од најпочитуваните судии во историјата на НБА.
Bill Kennedy suffered an injury and was wheeled off the court 😳 pic.twitter.com/232lH3qoIl
— BrickCenter (@BrickCenter_) January 10, 2026
Сепак, Кенеди не можеше да го продолжи натпреварот и го напушти теренот во инвалидска количка, додека дуелот продолжи, а преостанатиот дел од натпреварот го судеа Џејмс Вилијамс и Мајкл Смит.
Бил Кенеди ја дели правдата во најсилната кошаркарска лига во светот од 1995 година и досега учествувал во повеќе од 1.500 натпревари.
На крајот, Филаделфија победи во Орландо со резултат од 103:91.

