Регион
Во Црна Гора силен земјотрес со јачина од 4,7 степени по Рихтер
Силен земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтер се случи во Црна Гора во саботата во 01 час и 18 минути (по средноевропско време), а земјотресот беше почувствуван и во Далмација, соопшти утрово Сеизмолошката служба на Република Хрватска.
Земјотресот бил почувствуван низ цела јужна Далмација, од Конавала до Башка Вода, истакнаа од хрватската сеизмолошка служба.
Потресот се почувствувал во Дубровник, па дури и во Сплит.
„Ме разбуди силно тресење а само што пристигнав од Загреб, нема мир“, „ Добро се затресе “, се дел од коментарите што луѓето од Дубровник ги оставија на веб-страницата на ЕМСЦ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Хаос во Црна Гора: плажи покриени со снег, паднати дрвја поради силен ветер
Невреме придружено со силен ветер ја погоди Црна Гора. Ветерот создаде проблеми во Подгорица. Соборени се неколку дрвја, а градските служби на терен ги санираат последиците. Сите беа изненадени од снегот кој падна на црногорското приморје.
Во најјужниот град во Црна Гора, во Улцињ, од утрово врне снег. Побелеа и плажите. Неверојатни сцени од палми и плетени чадори на плажите кои побелеа под снегулките. Улцињ, Стари бар и Велики Пијешак останаа без струја поради испадот на далноводите „Можура-Улцињ“ и „Бар110-Улцињ“, поради невремето предизвикано од бурниот ветер.
Градоначалникот на Подгорица Саша Мујовиќ побара од раководителите на службите на главниот град брзо да се координираат.
Ulcinj trenutno ❄️
📹 TV Teuta pic.twitter.com/6EIbFKvKrG
— Berane online (@beraneonline) January 12, 2025
– Ги презедовме сите активности кои можат да придонесат за зачувување на граѓаните, нивното здравје и имот, сите служби се на штрек, подготвени за сите предизвици што не очекуваат кога се во прашање временските непогоди – најави градоначалникот на Подгорица, Саша Мујовиќ.
Вчера беше упатено предупредување до граѓаните на Подгорица и околината за најавените непогоди.
– По повод најавеното невреме кое вечерва ќе го зафати подрачјето на главниот град, а ќе продолжи и во наредните денови, ги известуваме граѓаните, стопанствениците, правните лица и сите субјекти на заштита и спасување за можни силни налети на ветер, лапавица и снег.
— Bojan Lazovic (@lazovicb307) January 12, 2025
Ги повикуваме сите веднаш да преземат превентивни мерки за да се избегне загрозување на човечките животи, имоти и културни и други добра на нашиот град – се наведува во предупредувањето.
Регион
(Видео) Хаварија во Црна Гора: силниот ветер предизвика прекин во снабдувањето со електрична енергија
Поради крајно неповолните временски услови, предизвикани од бурен ветер, дошло до испад на 110 киловолтен далновод „Можура-Улцињ“, што предизвикало прекин во снабдувањето со електрична енергија на потрошувачите во најјужната црногорска општина, објави Црногорскиот електропреносен систем.
Во објавата на ЦГЕС на Фејсбук се наведува дека нивни екипи се на терен и вршат активности за што поскоро да биде пуштен во употреба далноводот „Можура-Улцињ“.
Од граѓаните побараа трпение и разбирање додека не се отстрани дефектот и не се воспостави редовно снабдување.
Дефектот на далноводот Бар110 Улцињ се случи во 11 часот и 34 минути, кога покрај Улцињ без струја останаа и Стари Бар и Велики Пијешак.
Екипите на ЦЕДИС се на терен и и покрај тешките услови за работа поради силните ветрови, се обидуваат да го отстранат дефектот , соопшти ЦЕДИС.
Освен силниот ветер, улиците и плажите во Улцињ се затрупани со снег.
Регион
(Видео) Невреме во Црна Гора: урагански ветрови и снег во Улцињ
Црвено-портокалова метеоролошка тревога е на сила во Црна Гора поради предвидените силни налети на ветер.
Утринава во Улцињ се забележани најсилни налети слични на урагани со над 100 километри на час, додека во Подгорица дува ветер со интензитет од 95 до 100 километри на час.
Во некои делови од градот отежнато е снабдувањето со електрична енергија.
Ветерот урна дрво на мостот на браќата Златичани во Подгорица и ја оштети оградата на мостот, а надлежните служби на главниот град го отстранија дрвото и обезбедија непречено функционирање.
Службата за заштита и спасување на главниот град апелира до граѓаните што помалку да ги напуштаат домовите при силни налети на ветер.