Спорт
Бакси ја „збришаа“ Атланта и израмнија во финалето на Истокот

Милвоки бакс им дадоа совршен одговор на Атланата хокс за израмнување на финалната серија на Источната конфереција во НБА лигата, стигнувајќи до неверојата 125:91 победа во „Фисерв форумот“ пред 16 илјади гледачи.
Хокси се држеа во игра во првата четвртина (34:28), пред во второто да им се случи вистински потоп, губејќи со 26 поени разлика (43:17). Откако ја направија оваа предност, Милвоки само рутински стигнаа до победата со 34 поени разлика.
Јанис Адетокумбо повторно ги предводеше Милвоки со 25 поени и 9 скока, Холидеј додаде 22, додека кај Хокси, Треј Јанг, херојот на првиот меч заврши само со 15 поени.
Во финалето на Западот, Финикс санс имаат 2:1 предност против Лос Анџелес клиперс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Меси го кани Модриќ во Интер Мајами

Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ на крајот на сезоната би можел да се пресели во Интер Мајами. Покана добил од најголемата ѕвезда на Интер, Лионел Меси.
Клубот кој е во косопственост на Дејвид Бекам, во последните години е заинтересиран за Модриќ, а сега во приказната се вклучи и Меси, кој наводно го убедува Хрватот да се пресели во Мајами.
Модриќ, најверојатно следната сезона нема да биде дел од Реал Мадрид, а Хрватот сака да има клуб во кој ќе игра, со цел да биде подготвен за претстојниот Мундијал, кој ќе биде последен во неговата кариера, со оглед на тоа што следната година ќе наполни 40 години.
Интер Мајами сака да го ангажира Хрватот во пресрет на Светското клупско првенство кое годинава се игра во Америка. Доколку трансферот се случи, Модриќ ќе им се приклучи на поранешните големи ривали од Барселона, Меси, Луис Суарез, Серхио Бускетс и Џорди Алба.
Спорт
Хау повторно ќе го води Њукасл

Менаџерот на Њукасл, Еди Хау, се врати на работното место откако се опорави од пневмонија, соопшти денеска клубот од „Сент Џејмс Парк“.
Хау, пропушти три натпревари поради пневмонија. Од болницата во Њукасл бил отпуштен минатата недела.
Хау викендов ќе биде на клупата на првенствениот натпревар против Ипсвич кој испадна од Премиер лигата.
Во негово отсуство, тимот го предводеа помошниците Џејсон Тиндал и Греам Џонс, а црно-белите победија на два од три натпревари.
Њукасл се бори за место во Лигата на шампионите следната сезона, поточно за место меѓу првите пет екипи на табелата. Четири бода ги делат екипите од третото до седмото место.
На пет кола до крајот, Њукасл е петти на табелата со 59 бодови, еден бод помалку од четвртопласираниот Нотингем Форест и еден бод повеќе од шестопласираните Челзи и Астон Вила.
Спорт
(Видео) Анчелоти збесна по потегот на Ендик: Ова не е циркуз

Реал Мадрид оствари важна победа од 1:0 на гостински терен над Хетафе во 33. коло од Ла Лига и остана во шампионската трка со Барселона.
На пет рунди до крајот актуелниот шампион заостанува четири бода, а во следното коло следува директен дуел со Барселона. Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Арда Гулер во 21. минута.
Сепак, вниманието од турскиот репрезентативец го оттргна неговиот соиграч Ендрик (18), кој минатото лето пристигна од Палмеирас за 47,5 милиони евра.
Во 56. минута кога се најде сам пред голманот на Хетафе, Давид Сорија, наместо да шутира, се обиде со лоб удар, но лошо го изведе и практично му ја додаде топката на голманот. Тренерот Карло Анчелоти беше видно лут и брзо го извади од игра.
На прес-конференцијата по натпреварот, Анчелоти ја коментираше ситуацијата:
„Ендрик не треба да прави такви работи. Тој е млад и треба да учи, но тоа не постои во фудбалот. Кога ќе се најдете сами пред голманот, треба да шутирате што посилно. Ова не е циркуски клуб“.
ENDRICK WHAT ARE YOU DOING? WHY SHOOT LIKE THAT? pic.twitter.com/c7ixDQ6tXV
— @thedesigner (@heyJudemeow) April 23, 2025