Свет
(Видео) Трамп на прв голем собир по изборите: Имавме огромна победа

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, на првиот одржан митинг по напуштањето на Белата куќа вчера ја нападна имиграциската политика на неговиот наследник Џо Бајден и побара од приврзаниците да им помогнат на Републиканците да го вратат мнозинството во Конгресот.
Иако, тој држеше говори на митинзи на Републиканците по поразот на минатогодишните претседателски избори, митингот во Охајо е враќање на масовните собири кои беа клучни за одржување на поддршката во неговата база, т.н. МАГА-настани (според кратенката – Make America Great Again).
Трамп ја напушти функцијата откако неговите приврзаници го нападнаа Капитол на 6 јануари, кратко по говорот во кој повтори дека се украдени изборите во 2020 година и дека тој е нивниот вистински победник.
Во саботатата, пред илјадници негови приврзаници, тој повтори нешто од неговиот редовен список со критики, а освен што ги критикуваше изборите во САД, особено зборуваше за зголемениот број имигранти кои влегуваат во САД преку јужната граница.
„Имавме огромна победа, тие направија нешто што никогаш не смееше да се дозволи“, рече Трамп за изборите.
„Ќе го вратиме Претставничкиот дом, ќе го вратиме Сенатот и ќе ја вратиме Америка и тоа ќе го сториме наскоро“, нагласи тој.
Демократското слабо мнозинство во двата дома на Конгресот ќе биде ставено на тест на изборите во средината на 2022 година, а историјата ги фаворизира шансите на Републиканците да добијат места на нив.
По митингот во Охајо, Трамп планира да зборува на Флорида по повод празникот 4 јули, а следната недела ќе отпатува на јужната граница меѓу САД и Мексико.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Се урна станбен блок во Индија

Четири лица загинаа, а уште 10 се водат за исчезнати откако денеска се урна повеќекатен станбен блок во близина на Њу Делхи, јавија индиските медиуми повикувајќи се на полицијата.
Според извештаите, спасени се 14 лица. Блокот се урнал во Мустафабад во североисточниот дел на државата Делхи. Ограничените услови ја попречуваат спасувачката работа, изјави портпаролот на Националните сили за одговор при катастрофи.
Причината за уривањето се уште не е позната. Локалните медиуми јавуваат дека неодамна биле извршени градежни работи во приземјето на зградата.
Главниот министер на Делхи, Река Гупта нареди истрага за инцидентот.
Свет
Во сообраќајка загина поранешен хрватски фудбалски репрезентативец и играч на фудбалскиот клуб Динамо

Во тешка сообраќајна несреќа, што се случи во Карловац, загинаа 2 лица, меѓу кои и поранешниот хрватски фудбалски репрезентативец и играч на фудбалскиот клуб Динамо, Никола Покривач, јавуваат хрватските медиуми.
Полицијата во краткото соопштение наведува дека несреќата се случила на обиколницата Турањ и дека во неа учествувале 4 патнички возила.
Три лица се пренесени на лекување во медицинска установа.
Свет
Русија и Украина денеска треба да разменат затвореници

Русија и Украина денеска треба да разменат затвореници, а посредник во договорот повторно се Обединетите Арапски Емирати, соопштил извор запознаен со преговорите.
Ќе бидат разменети вкупно 492 војници – 246 од двете страни, како и уште 46 ранети украински војници.
За време на војната Русија и Украина со посредство на ОАЕ веќе разменија вкупно 3.233 воени заробеници