Регион
(Видео) Уште еден инцидент во Албанија – запалени 60 лежалки

На плажа бар во албанскиот приморски град Дримаде изгореа 60 лежалки, а полицијата се сомнева дека пожарот бил подметнат, објавија денеска медиумите во таа земја.
Инцидентот се случил еден час по полноќ и бил формиран истражен тим.
Според порталите, постои сомневање дека станува збор за конфликт меѓу сопствениците на барови на плажа околу користењето на крајбрежјето во оваа област.
Пред неколку дена имаше конфликт меѓу сопствениците на баровите околу столовите и лежалките на плажите, а во тој конфликт исто така беше употребено огнено оружје.
Вчера четири лица загинаа, а две беа повредени во вооружен судир на една плажа во северна Албанија.
По вооружениот инцидент, остро реагираше албанскиот претседател Илир Мета, посочувајќи дека „плажите и туристичките центри не заслужуваат да личат на боиштата на Дивиот Запад“.
Тој вели дека станува збор за шокантен настан што бара целосно истражување на околностите и причините што довеле до жртви.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.