Македонија
Од утре почнува исплатата на јунските пензии
Министерството за труд и социјална политика известува дека од утре, 29 јуни, зпочнува етапната исплата на јунските пензии. Од МТСП наведуваат дека пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот Ковид-19.
Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:
За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.6.2021 година (вторник);
За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.6.2021 година (среда);
За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 1.7.2021 година (четврток);
За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 2.7.2021 година (петок).
Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 29 јуни (вторник). Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.
МТСП апелира до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Уште еден земјотрес во Македонија, епицентарот е кај Богданци
Уште еден земјотрес е регистриран во Македонија.
Јачината е 2,5 степени според Рихтер, додека пак епицентарот е 14 километри североисточно од Богданци.
Длабочината е 20 километри.
Претходно земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала ја стресе Македонија.
Македонија
Мицкоски: Владата и ФЗО ги разгледуваат финансиските можности за да се зголеми капитацијата на матичните лекари
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на започнување на третата фаза од инвестицискиот циклус на германската компанија „КОСТАЛ“ Македонија во Општина Охрид.
По настанот одговарајќи на новинарско прашање, за што конкретно се разговара со матичните лекари и дали е можно да се очекува зголемување на капитацијата, со оглед на тоа што Владата, преку Фондот за здравствено осигурување е во интензивна комуникација со нив овој период, информираше:
„Да, се разговара, се разгледуваат сите можности, се разгледуваат можностите финансиски во буџетот на Фондот, во буџетот на Министерството за здравство, како и за многу други работи за коишто најдовме решение, убеден сум дека и за ова ќе најдеме многу скоро од денеска решение.
Чекор по чекор, за помалку од пет месеци решивме работи коишто се децениски, па така и ова. Мислам дека во една пријатна, пријателска атмосфера и за ова ќе се изнајде решение. Но, да бидеме трпеливи и да напредуваме, полека кон конечно решение.“, објасни премиерот Мицкоски.
Македонија
Стојаноски: Владата со новиот буџет ќе инвестира во автопатската мрежа, за разлика од претходната власт која остави испокраден буџет
На денешната собраниска Kомисија за финансирање и буџет на амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година, се обрати пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој истакна дека е за поздравување тоа што на ова расправа за прв пат има владејачко мнозинство коешто не бега од дебата, но покрај ова тој ја образложи и наследената катастрофална состојба на буџетот од претходната власт.
„Ова е прво владино мнозинство коешто не бега од дебата за амандмани во буџет, покрај другото и да ве гледа народ дека ништо не сте научиле од лекцијата и со таа ароганција, со тоа лажење со таа замена на тези, но за среќа постојат тука луѓе коишто ги разбираат работите. За тоа што го кажавте за проектите ќе биде 136 милиони евра од наредната година кога ние можеме вака да планираме буџет, зошто сега е 50 милиони евра, затоа што буџетот кога дојдовме на власт беше испокраден, 71% од дефицитот беше исполнет, требаше да исплатиме четири или пет плати на две, три институции, немаше 5 милијарди денари да обезбедиме за уште една пензија“, вели Стојаноски.
Тој ги наведе и институциите коишто тонеле во долгови, а за кои оваа власт нашла решение за да имаат можност тие претпријатија да ги сервисираат основните услуги и обврски кон граѓаните, исто така тој посочи дека до година ќе има инвестиции во автопатската мрежа односно ќе се работи на повеќе точки за изведување на автопатските делници.
„Македонски железници беа 5 милијарди во долг, Министерството за образование беше 5 милијарди во долг, ЕСМ беше 5 милијарди во долг ,и сите тие така беа во долгови ,затоа не можевме да смогнеме сили да направиме 136 милиони евра од аспект на осумстотини точки. Во еден момент во државата ќе почне со реализација над осумстотини точки само по основ на овие средства а тука да не ги бројам автопатите, ете да најавам до година во оваа држава ќе се работи на пет точки од еднаш во изведување на автопатски делници“, рече Стојаноски.