Економија
Живко Груевски, „Еуромакс ресоурцес“: Време за акција и дела, а не за празни зборови и флоскули

„Граѓаните од подогражденскиот регион сакаат и бараат подобра инфраструктура, заштита и подобрување на животната средина, креирање услови за спорт, екотуризмот, развој на земјоделството, подобра едукација, опремување на училишта и институции, реконструкција на патишта и водоводни системи. Жителите од регионот масовно се одзваа на повикот на ‘Еуромакс ресорцес’ за поддршка на локални проекти и иницијативи со конкретни идеи и предлог-проекти во овие области“, рече д-р Живко Груевски, директор за корпоративни комуникации во компанијата „Еуромакс ресоурцес“, која го развива проектот за рудник за бакар „Иловица-Штука” на гостувањето во емисијата „Вис а Вис” емитувана на ТВ Вис од Струмица.
На прашањето за одлуката на компанијата да обезбеди интервентен буџет од милион евра, Груевски потенцираше дека сите чинители мора да покажат акција и дела, веднаш и сега, за подобрување на животот на жителите од Струмичкиот Регион.
„Ние сме спремни за соработка со граѓаните, невладините организации, општините и институциите и да обезбедиме наменски, интервентен фонд, надвор од другите наши вложувања и тоа во вредност од милион евра, со кој ќе поддржиме локални иницијативи и проекти за подобрување на животот на граѓаните” – кажа д-р Груевски.
Тој се осврна и на различниот тип проекти кои биле предложени до нив како компанија.
„На нашиот јавен повик, граѓаните масовно одговорија со испраќање многу различни идеи и предлог-проекти од областа на инфраструктурата, животната средина, спортот, екотуризмот, земјоделството, едукацијата, опремувањето на училишта и институции, реконструкција на патишта и водоводни системи и слично. Веќе почнавме со реализација на некои од нив, како што беше и активноста од минатата недела, кога на десетина жени претприемачки од Струмичко им дониравме механизација и дополнителни делови што ќе им користат во нивните активности од земјоделството и сточарството. Искрено се надеваме дека што поскоро ќе ги реализираме сите достапни средства од интервентниот фонд на компанијата за овој пост-ковид период“, потврди Груевски.
Во однос на оваа тема, Груевски заклучи: „Сите заедно можеме да го пребродиме овој кризен период, но за тоа се потребни акции и дела, а не разни флоскули, оправдувања и неетички зборови со кои разни самоуки експерти се спротивставуваат во реализирањето на потенцијално најголемата странска инвестиција во нашата држава, проектот за рудник на можности ‘Иловица-Штука’. Ние сме тука и подаваме рака да помогнеме и асистираме за побрзо да реализираме проекти кои ќе бидат од интерес на сите”
Целото интервју од гостувањето на д-р Живко Груевски на ТВ Вис можете да го погледнете на следниов ЛИНК.
(ПР-текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Халкбанк со нова кредитна линија од 12 милиони евра за одржливо земјоделство

Халкбанк АД Скопје, како една од водечките банки во земјата која постојано се насочува кон поддршка на реалната економија, започнува со реализација на нова кредитна линија наменета за развој на одржливо земјоделство.
Средствата во износ од 12 милиони евра се обезбедени преку Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ) и ќе бидат ставени на располагање на земјоделците и земјоделските бизниси во наредните пет години.
Целта на оваа кредитна линија е да им овозможи на микро (вклучувајќи трговци поединци и индивидуални земјоделци), мали и средни претпријатија пристап до поволни извори на финансирање кои ќе им помогнат да ги реализираат своите планови за работен капитал, како и за инвестиции во опрема, модернизација и развој на одржливи агро-практики.
Кредитите ќе бидат одобрени под атрактивни услови, со варијабилна каматна стапка која започнува од 5,5% и со можност за флексибилна отплата преку месечни, квартални или полугодишни ануитети. Освен финансиската поддршка, програмата предвидува и дополнителни бенефити за земјоделците: организирани работилници и тренинзи преку кои ќе можат да стекнат нови знаења за современи и одржливи земјоделски практики, како и грант компонента до 1.000 евра по корисник, достапна до исцрпување на предвидениот буџет. На тој начин, кредитната линија не е само финансиски инструмент, туку и практичен поттик за модернизација и зголемување на конкурентноста на домашното земјоделство.
Халкбанк и ЕФСЕ соработуваат долги години, а ова партнерство овозможи континуирано насочување на финансиски средства кон микро, мали и средни претпријатија, со што се поддржа растот на многу бизниси и се даде значаен придонес во економскиот развој на државата. Новата кредитна линија претставува уште еден чекор во таа насока, ставајќи акцент на земјоделството како стратешка гранка со голем потенцијал за одржлив развој.
„Поддршката на земјоделството е од суштинско значење за иднината на економијата и благосостојбата на граѓаните. Со оваа нова кредитна линија, обезбедуваме не само поволни финансиски средства, туку и знаење и грантови кои ќе им помогнат на земјоделците да преминат кон одржливи практики и да ја зголемат својата продуктивност. Веруваме дека вложувањето во земјоделството значи вложување во долгорочна стабилност, храна со повисок квалитет и развој на руралните средини,“ велат од Халкбанк.
Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ) е формиран од страна на Банката за развој KfW, со финансиска поддршка од германското Федерално Министерство за економска
соработка и развој (BMZ) и Европската комисија. Фондот има за цел да го поттикне економскиот развој и благосостојбата во земјите од Југоисточна Европа преку овозможување пристап до финансирање за микро и мали претпријатија и за домаќинства со пониски приходи, со фокус на одржливост и позитивно влијание врз заедниците.
Со оваа програма, Халкбанк ја продолжува својата долгорочна стратегија за поддршка на одржливите иницијативи во економијата, инвестирајќи во иднината на земјоделството и обезбедувајќи подобри услови за оние кои ја движат оваа важна гранка.
ПР
Економија
НБРМ: Граѓаните сè почесто ги избираат дигиталните канали за плаќање

Најновите податоци од платежната статистика на Народната банка за вториот квартал од 2025 година покажуваат натамошен раст на електронските плаќања, при што сè поочигледно е дека граѓаните почесто ги избираат мобилните апликации и платежните картички за извршување на плаќањата, отколку шалтерите, соопшти НБРМ.
Во споредба со истиот период минатата година, електронските плаќања со платни налози бележат раст за 9% по број и за 20,9% по вредност. Особено е брз растот на електронски иницираните плаќања преку дигиталните канали, односно трансакциите растат за 18,6%, а вредноста за 28,3%. Најголемиот дел од платежните трансакции иницирани преку дигиталните канали (71,3%) се извршени преку мобилни апликации, што потврдува дека преовладува употребата на мобилниот телефон како најбрз и наједноставен начин на плаќање.
Се зголемува и користењето на платежните картички. Бројот на плаќањата со картички е поголем за 8,4%, а нивната вредност за 11,4%. Зголемувањето најмногу произлегува од зголеменото купување преку интернет (14,8%), но раст има и кај плаќањата во продавниците (7,9%).
Овие податоци, според НБРМ, јасно укажуваат дека сѐ повеќе граѓани се префрлаат на дигиталните начини на плаќање.
Економија
Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,23 п.п., при што во август таа изнесува 2,19%.
Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,54 п.п. и изнесува 4,90%.
Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска.