Македонија
Џафери-Зорчиќ: Билатерални прашања не треба да бидат пречка на патот за интегрирање на Северна Македонија во ЕУ
Денеска на маргините на Самитот на претседатели на Парламенти „Европски парламент – Западен Балкан“, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, оствари билатерална средба со претседателот на Националното собрание на Република Словенија, Игор Зорчиќ.
Претседателот Џафери искажа благодарност за континуираната поддршка што Република Северна Македонија ја добива од Република Словенија во процесот на Евроинтеграции. Претседателот Џафери ја истакна одличната соработка со претставникот на Словенија во Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје, како и соработката во насока на справување со бегалската криза и корона-пандемијата.
„Со Република Словенија немаме отворени прашања, соработката на сите нивоа е задоволителна, но постои простор за унапредување на соработката особено во сферата на економијата, културата и туризмот. Пандемијата со Ковид-19 несомнено ја обремени и забави директна билатерлна комуникација, но целосната имунизација полека но сигурно придонесува за враќање на процесите во нормална динамика“, истакна Џафери.Тој додаде дека Европската Унија не е комплетна без целосно интегрирање на сите држави од Западен Балкан.
Претседателот на Националното собрание на Словенија истакна дека Словенија го поддржува членството на Република Северна Македонија во Европската Унија.
Според него, одредени билатерални прашања не треба да бидат пречка на патот кон целосно интегрирање на Северна Македонија во ЕУ. Претседателот Зорчиќ се осврна на компромисното решение на непопречување и неблокирање на евроинтеграивниот пат на Хрватска, односно решавање на билатералните прашања како паралелен процес на пристапувањето кон Европската Унија.
Соговорниците се согласија дека ваков формат на комуникација на ниво на претседатели на Парламенти е особено полезен, особено доколку вакви самити се одржуваат во европските институции, затоа што истите се дополнителен индикатор дека Европската Унија јасно покажува интерес кон земјите од Западен Балкан и прашањето на проширувањето е високо на агендата на ЕУ.
Република Словенија го презема претседателството со Советот на Европа во втората половина на 2021 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забрана за камиони на неколку патни правци поради врнежи од снег
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на повисоките места, во западните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот, извести АМСМ
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово и на планинскиот премин Стража. На планинскиот премин Буково врнежите се од дожд и снег.
Поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, како и на патниот правец крак Маврово – Дебар.
На патниот правец Тетово – Попова Шапка е воведена забрана за сообраќај за автобуси, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.
Македонија
Делови од Илинден, Ѓорче Петров и Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 13:00 часот дел од улицата 19 во населба Илинден, oпштина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 14:00 часот дел од корисниците во населба Волково, поточно улиците: 95, 100, 101, 102 и 103, општина Ѓорче Петров;
· во периодот од 08:30 до 14:30 часот дел од корисниците на улицата Јустинијан Први во село Драчево, поточно делот од Маркет – Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
· во периодот од 09:00 до 14:00 часот дел од улицата Герника, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-125мм на улицата Светозар Марковиќ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Светозар Марковиќ и дел од булеварот Кочо Рацин, вклучително и објектот на Веро Џамбо, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

