Црна хроника
Во кафуле на Широк Сокак нападнал девојка, крадејќи ѝ ги чантата и телефонот

Млад битолчанец е приведен поради напад врз девојка на која ѝ ги одзел чантата и телефонот.
„Вчера полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода К.И.(25) од Битола, затоа што во угостителски објект на Градското шеталиште во Битола физички ја нападнал С.Г.(20) од Битола и ѝ одзел телефон и чанта“, велат од МВР.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тешко повреден кичевец: управувајќи четирицикл, изгубил контрола и паднал на патот

Синоќа во 19.00 часот во Полициската станица Кичево е пријавено дека на шумски пат во атар на с.Лешница, општина Зајас, Р.И.(54) од с.Трапчин Дол, кичевско, управувајќи четирицикл, изгубил контрола и паднал на патот.
Во несреќата, Р.И. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Кичево.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Кичево.
Црна хроника
Поради кавга во сообраќајот, со нож му нанел убодни рани: уапсен гостиварец

Вчера во 10.30 часот на улица „18 Ноември“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.М.(61) од Гостивар.
Тие постапиле по претходна пријава дека околу 10.00 часот на улица „Панче Попоски“ во Гостивар, поради недоразбирање во сообраќајот, со остар предмет му нанел убодни рани на М.Р.(26) од с.Чегране, гостиварско.
Полицијата соопшти дека тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
Црна хроника
Пијан струмичанец со нож нападнал полицајци: бил запрен поради брзо возење

Полициски службеници од СВР Струмица вчера во 21.30 часот на ул.„Крушевска Република“ го лишиле од слобода Т.А.(41) од Струмица затоа што се обидел да нападне полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
Тој претходно бил забележан од полициски службеници како со голема брзина и небезбедно управува возило комбе „мерцедес“, а откако бил запрен било констатирано дека возилото го управува со истечена регистрација.
Додека, по извршено алкотестирање било утврдено дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 0,96 промили алкохол во крвта.
Откако бил известен дека ќе му биде одземено возилото, тој почнал да удира по возилото и од него извадил нож со кој се обидел да ги нападне полициските службеници.
Според полицијата, по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.