Црна хроника
Скопјанец физички нападнат на скопскиот аеродром

Скопјанец пријавил дека синоќа по полноќ бил нападнат од две лица на влезот на скопскиот аеродром.
„Вчера во 01.50 часот во СВР Скопје, О.Е.(32) од с.Шишево, скопско, пријавил дека околу 00.25 часот на влезот од Меѓународен аеродром Скопје, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од две лица. Се работи на расчистување на случајот“, информираат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен 17-годишник во Куманово: украл мотоцикл „јамаха“

Денеска во 01.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 17-годишник од село Блаце, скопско, затоа што пред угостителски објект во Куманово одзел мотоцикл „јамаха“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Г.Д.(52) од Куманово.
Мотоциклот бил пронајден и вратен на сопственикот, а малолетникот бил приведен во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Сообраќајна несреќа во Прилеп, тешко повреден 16-годишник

Вчера во 15.37 часот во Полициската станица Прилеп е пријавено дека на крстосницата од улицата „Јане Сандански“ со улицата „Стеван Димоски“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „хамачи“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од Прилеп и патничко возило „шкода октавија“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 34-годишната С.М. од Прилеп.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Градската болница Прилеп.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.
Црна хроника
Рачна бомба од германско производство од Втората светска војна пронајдена во село Дихово

Вчера во 15.15 часот во СВР Битола е пријавено дека во атар на село Дихово, битолско, била пронајдена граната.
Од пиротеничар од Дирекцијата за заштита и спасување гранатата била безбедно подигната и било констатирано дека се работи за рачна бомба од германско производство од Втората светска војна.