Забава
Почна снимањето на „Џон Вик 4“

Фановите на популарниот серијал „Џон Вик“ добија неколку добродојдени вести во понеделникот кога еден од актерите откри дека дека во тек е снимањето на четвртиот дел од акционата сага.
Шамир Андерсон, кој е еден од новите ликови во серијалот со Киану Ривс како титуларен атентатор, на својот Инстаграм објави фотографија на која се гледа столче на локацијата за снимање, што значи дека филмот е пуштен во продукција.
„Започна …“ напиша тој, и ги означи продуцентските куќи кои го снимаат филмот.
Набргу по неговата објава на социјалните мрежи, официјалниот Твитер- профил на Џон Вик сподели фотографија со столот со опис: „Започна продукцијата на JohnWick4.“
Филмската франшиза почна кога поранешен платен убиец тргна во потера по насилниците кои упаднаа во неговиот дом, му го украдоа неговиот винтиџ автомобил и го убија неговото сакано куче. Во продолженијата објавени во 2017 и 2019 година, Џон е во бегство откако водачот на бандата ќе постави награда за неговата глава.
Најновиот филм ќе се снима на локации во Франција, Германија и Јапонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Тажна приказна за два знака: се сакаат, но никогаш не се разбираат

Два хороскопски знаци кои магнетски се привлекуваат еден кон друг, но ретко остануваат заедно – еве зошто.
На прв поглед, Ракот и Водолијата немаат ништо заедничко. Едниот хороскопски знак живее во минатото, другиот во иднината. Едниот бара сигурност, другиот слобода. И сепак, нешто постојано ги привлекува еден кон друг. Тоа е една од оние комбинации што се случуваат често, но ретко траат.
Рак, чувар на емоциите и домот
Ракот е знак управуван од Месечината. Чувствителен, грижлив, често носталгичен. Луѓето родени под овој знак длабоко го чувствуваат светот околу нив и инстинктивно сакаат да го заштитат она што го сакаат. Пријателствата и врските им значат многу, но тие исто така очекуваат возвратено внимание, посветеност и емоционална достапност.
Водолија, вечниот визионер
Водолија е знак кој не признава правила. Со знакот владеат Уран и Сатурн, комбинација од експлозивна оригиналност и студена дистанца. Ги сака луѓето, идеите, слободата. Но, кога станува збор за емоции, Водолијата често ја одржува својата дистанца. Не затоа што не чувствува, туку затоа што не знае секогаш што да прави со тие емоции.
Каде се заглавува?
Ракот бара присуство, нежност, јасни емоции. Водолијата пред сè сака независност, пријателство и не го сака чувството на врзување. Ракот се повлекува кога се чувствува запоставен. Водолијата бега кога се чувствува притисната. И така се создава маѓепсан круг на тишина, повлекување и студенило.
Можат ли сепак да успеат?
Да, но само ако двајцата се спремни да излезат од своите зони на удобност. Ракот мора да научи дека љубовта не мора секогаш да биде онаква каква што ја замислувале. А Водолијата дека емоционалната блискост не мора да значи губење на слободата. Кога ќе го сторат тоа, нивната врска, без разлика дали е пријателство или љубов, може да биде една од најнеобичните и најинспиративните.
Забава
Во елегантно издание, Софија Вергара го лансираше својот козметички бренд

Познатата актерка Софија Вергара го лансираше својот козметички бренд Toty Collection, кој го дизајнираше во соработка со Cantabria Labs. Својата прва презентација ја одржа во Мадрид и секако го привлече целото внимание на светот.
Секогаш гламурозна и духовита, Софија Вергара знае како да изненади. Иако неодамна позираше гола во када и предизвика вистински хаос на социјалните мрежи, овој пат беше одмерена и елегантна, но тоа е доволно кога е во прашање неа.
За својата прва промоција, Софија избра подолг фустан со цветни мотиви, кој го искомбинираше со високи сандали во неутрална беж нијанса.
Секако, деколтето повторно беше во центарот на вниманието, па без разлика што прави, за тоа секогаш ќе се зборува повеќе.
Нејзината стандардна фризура, лабава коса и нежни бранови, како и неутрална шминка, само го комплетираа изгледот за кој ќе се зборува долго време.
Софија Вергара ги поместува границите на секој чекор, и иако е свесна за својот изглед, се обидува да привлече внимание на поинаков начин. Таа е една од најдуховитите жени во Холивуд и поради тоа има и многу обожаватели.
Забава
(Видео) Кејти Пери речиси падна од висечка топка на концерт, публиката гледаше во страв

Само неколку дена откако снимката на која се гледа како Бијонсе речиси паѓа од висечки кабриолет стана вирална, Кејти Пери доживеа слична несреќа.
Пејачката речиси падна од висечка топка за време на настапот во Австралија, како дел од нејзината турнеја „Лајфтајмс“. Пери се искачи на џиновска метална топка која беше закачена со синџири над сцената.
Но, кога топката беше подигната, таа почна да се навалува на едната страна, исто како кабриолетот на Бијонсе.
Katy Perry almost fell out of the giant ball during her ‘Lifetimes Tour’.
— Buzzing Pop (@BuzzingPop) July 1, 2025
Пери мораше да се држи за рамката додека публиката врескаше. Потоа нејзиниот тим ја исклучи музиката и ги пригуши светлата за да ѝ помогне да излезе, додека фановите извикуваа „Напред Кејти“.
Снимката стана вирална на социјалните мрежи, а луѓето во публиката рекоа дека изгледало многу пострашно отколку во видеото.