Црна хроника
Уапсен Хаџибулиќ, требало да одлежи уште два дена во затвор
Харун Хаџибулиќ во неделата попладне е уапсен на граничниот премин Долно Блаце при влез во Македонија, потврдуваат од МВР.
Како што информираат од Основниот суд Скопје 1, Хаџибулиќ бил пренсесен во затворот во Шутка и треба да одлежи уште два дена за учеството во убиството на Мирсад Криешторац, коешто се случи во март 2010 година кај Универзална сала.
Хаџибулиќ беше осуден за кривичното дело насилство на една година и шест месеци затвор, додека Јасмин Лесковица, кој беше обвинет дека е директен извршител на убиството беше осуден на 12 години затвор.
Според МВР, кога полицијата му пришла за да го уапси, Хаџибулиќ се обидел да избега, па полицијата почнала да пука во воздух. Хаџибулиќ бил набрзо уапсен и пренесен во затвор. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се степале за паркинг во Петровец, па му се заканил со огнено оружје
Вчера во СВР Скопје, И.К.(41) од с.Петровец, скопско пријавил дека околу 18:00 часот во с.Петровец, скопско, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, Д.Д. се обидел физички да го нападне.
Потоа му упатил закани со огнено оружје.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: депозитфотос
Црна хроника
Насилство во Тетовско: нападната 19-годишна девојка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од с.Желино, тетовско.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „насилство“.
Имено, според полицијата на 26.09.2025 во с.Желино, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 19-годишна девојка од истото село.
Црна хроника
Загина 48-годишен возач: со возилото излетал од патот Кочани – Виница
Вчера во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

