Регион
Европол ќе ги бара џихадистите во бегалските кампови во Грција
Полициската организација на Европската унија заедно со грчките власти ќе започнат да трагаат по припадници на екстремната сунитска организација Исламска држава по бегалските кампови во Грција, пишуваат во саботата грчките медиуми.
Операцијата на Европол ќе започне кон крајот на август и вклучува ригорозни проверки за да е искоренат потенцијалните терористи од Сирија и од Ирак, пишува весникот Kathimerini, повикувајќи се на грчки извори.
Во 2015 година во Австрија беа уапсени двајца мажи осомничени за врски со ќелија на Исламската држава која ги планирала и ги извела терористичките напади од ланскиот 13-ти ноември во кои беа убиени 130 лица.
Двајцата осомничени во Грција, во којашто минатата година влегоа околу милион имигранти главно од Блискиот исток, влегле користејќи фалсификувани сириски пасош, а потоа преку ткн балканска рута стасале до Австрија./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Загрепскиот Вјесник ќе се руши поради нестабилна конструкција по пожарот
Потпретседателот на Владата и министер за простор, градителство и државeн имот, Бранко Башиќ со претставници на Град Загреб и стручњаци од Хрватскиот центар за сеизмичко инженерство соопшти дека култниот загрепски небодер Вјесник ќе се руши поради небезбедна конструкција.
Башиќ изјави дека извештајот на стручњаците укажува на сериозни статички оштетувања и опасност од урнување поради што ќе се изработи проект за уривање, а потоа ќе следи јавна набавка и самиот процес на рушење. Славонска авенија и подвозникот остануваат затворени до отстранување на објектот.
Стручњакот Марио Урош од Центарот за сеизмичко инженерство предупреди дека конструкцијата е делумно нестабилна поради оштетувањата од пожар, пукнатини и отпаѓање на елементи. Според него, потребно е итно уривање бидејќи опасноста со текот на времето расте.
Владата најави дека ќе се утврдат роковите за рушење и дека потоа ќе се уредува просторот на поранешниот Вјесник, со можен архитектонски конкурс. Стручните служби и полицијата ќе извршат увид, но екипите нема да престојуваат подолго во објектот поради ризикот.
Регион
(Видео) Синиша Каран нов претседател на Република Српска, Додик запеа на прославата
Синиша Каран од Сојузот на независни социјалдемократи (СНДС) е избран за нов претседател на Република Српска. Опозицијата објави дека ќе поднесе приговори поради нерегуларности и ќе побара повторување на изборите во Зворник, Добој и Лакташи, објави „Дневни аваз“.
Овие избори се карактеризираа со ниска излезност од 35,72 проценти, што е дури 18 проценти пониско од изборите во 2022 година.
„По којзнае кој пат, кога беше најтешко, победи српскиот народ“, рече Каран, откако партијата прогласи негова победа.
„Благодарност до сите што го препознаа овој момент и благодарност до претседателот Додик, и до сите што не се членови на нашата партија, но го препознаа овој момент. Српскиот народ даде решителен одговор на странскиот окупатор“, рече тој.
„Убеден сум дека администрацијата на Трамп ќе остане доследна и нема да се занимава со други земји, како што е Босна и Херцеговина. Тие сакаа да се ослободат од Додик, а сега добија двајца Додикови“, рече Каран.
Прославата во СНСД траеше до доцна во ноќта, а Додик го зграпчи микрофонот и запеа.
Милорад Додик никад веселији, издајник Вукановић никад тужнији! pic.twitter.com/XhlxnswOxx
— Саша Шарчевић (@saarcevic2901) November 23, 2025
Според прелиминарните податоци, Каран победи со три проценти повеќе гласови од неговиот главен противник, Бранко Блануша од Српската демократска партија (СДС).
Регион
Еден загинат во поплавите во Албанија по обилните дождови
Најмалку едно лице загина во Албанија во поплавите предизвикани од обилните дождови што паѓаат во изминатите неколку дена, соопшти денес албанската полиција.
Полицијата објави дека тело на жена (76) е пронајдено откако нивото на водата се повлекло во поплавената југоисточна општина Девол.
Поплавите предизвикаа најголема штета во руралните региони на југот на Албанија, а во селото Душар 30 семејства беа отсечени, бидејќи патиштата беа непроодни поради поплавите.

