Црна хроника
Го претепал и му украл 7.500 денари

Триесет иедногодишниот Д.С. од Куманово заработи кривична пријава и притвор од триесет дена, затоа што претепал човек и му украл пари, соопшти МВР.
Пријавениот со намера за себе да прибави противправна имотна корист, на 11 септември, половина час по полнож во атарот на село Проевце кај местото викано Стара бања физички го нападнал В.Л.(37) од Кратово, удирајќи го со тупаници во пределот на главата и телото.
Откако го соборил на земја и продолжил со удирање, по што оштетениот паднал во безсознание од џебовите му одзел пари, клучеви од возило и еден мобилен телефон, со што му причинил вкупна материјална штета околу 7.500 денари.
По 15-тина минути, откако оштетениот се освестил побарал помош од случаен минувач и настанот веднаш го пријавил во СВР Куманово.
Полициските службеници го пренеле оштетениот во Медицинскиот центар Куманово каде му е укажана лекарска помош и е задржан на лекување.
Пријавениот набргу е пронајден и приведен во СВР Куманово.
Инаку, пријавениот е познат сторител на кривични дела разбојништо, тешки кражби и кражби, за што е и осудуван./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведен 19-годишник во Тетово оти предизвикал пожар

Тетовската полиција го приведе 19-годишниот С.М. од Скопје, со привремено место на живеење во Тетово, кој бил затекнат додека палел кабли.
Со тоа, како што велат од МВР, предизвикал пожар кај железничкиот надвозник на улицата Маршал Тито во Тетово.
Со интервенција од Тетовската противпожарна единица, пожарот бил изгаснат, а С.М. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.
Црна хроника
Тешко повреден возач на тротинет во судир со автомобил

Вчера вечер во 22:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Словенија“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Д.(28) од с.Гумалево, скопско и електричен тротинет „шаоми“, управуван од К.М.(59) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тротинетот, констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Уапсен вработен во Здравствениот дом – Берово, кај него пронајдена дрога

Вчера околу 22 часот на улицата „Браќа Миладинови” во Виница од страна на полициски службеници од ПС Виница во координација со ПС Берово од слобода е лишен 29-годишниот Б.Р. од Берово затоа што при преглед кај него е пронајдена марихуана и ризла.
Имено, по претходно добиени оперативни сознанија, полициските службеници сопреле возило „дачија сандеро“ со беровски регистарски ознаки, сопственост на ЈЗУ „Здравствен дом“- Берово, а управувано од Б.Р. и при преглед кај него е пронајдена дрогата, по што е известен јавен обвинител од ОЈО Кочани, кој дал насоки тој да биде лишен од слобода.
По документирање на случајот, против Б.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.