Спорт
Вардар 1961 од вториот шешир ќе ги чека противниците во ЛШ

Европската ракометна федерација (ЕХФ), во пресрет на ждрепката за Лигата на шампионите ги објави квалитативните шешири. Македонскиот шампион Вардар 1961, противниците ќе ги чека од вториот шешир.
Ждрепката ќе биде извршена на 2.јули, во седиштето на ЕХФ, во Виена. Вардар 1961 ќе биде вклучен во ждрепката но настапот на македонскиот првак е неизвесен. ЕХФ, му наложи на Вардар 1961, да уплати гаранција од 1.000.000 евра во две рати, најдоцна до 27.јули.
Доколку Вардар 1961 не ја уплати наведената сума тогаш на неговото место во Лигата на шампионите ќе влезе Горење Велење.
Шешир 1: Барселона, Кил, ПСЖ, ПИК Сегед
Шешир 2: Вардар 1961, Алборг, Кјелце, Порто
Шешир 3: Мешков Брест, Фленсбург, Веспрем, Монпелје
Шешир 4: Мотор, ППД Загреб, Динамо Букурешт, Елверум
Тимови од иста земја не можат да играат во иста група.
Фото/ rkvardar.mk
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Герасимовски: Го враќаме чаламот на Работнички со документарен филм и нова сала

Синоќа, во хотел „Холидеј Ин“ се одржа премиерата на документарниот филм „Вратете ни го чаламот“, посветен на најголемите успеси на најтрофејниот македонски кошаркарски клуб – „Работнички“.
На премиерата присуствуваа градоначалникот Горан Герасимовски, кошаркарски легенди, членови на тимот на „Работнички“ и претставници од спортските федерации.
Во своето излагање, градоначалникот Горан Герасимовски потенцираше дека филмот е потсетник на славните времиња на клубот, но и инспирација за враќање на неговиот препознатлив дух и гордост.
„Вечерва не се присеќаваме само спомени, туку го обновуваме чаламот што со децении го красеше „Работнички“. Оваа сала е полна со луѓе кои го создале и го поддржувале клубот, со легенди што го направиле голем, и со нова генерација што ќе го врати неговиот сјај во Центар,“ изјави Герасимовски.
Документарниот филм е во продукција на „Слобода филм“, а финансиски поддржан од Општина Центар.
Спорт
Интер и Милан заеднички влегуваат во проектот „НБА Европа“

Интер и Милан, лути соперници на фудбалскиот терен, решија да ги здружат силите за да создадат моќен кошаркарски клуб.
Според информации од Италија, фудбалските гиганти, односно нивните сопственици, сакаат да бидат дел од проектот „НБА Европа“, за кој се зборува сè погласно и кој се заканува да ја загрози Евролигата.
Парите би биле инвестирани во кошаркарскиот клуб Олимпија Милано, а инвестициските фондови, кои ги поседуваат Милан и Интер, „Ред Берд“ и „Оуктри“, се одлучиле за тој потег. Во сè би бил вклучен и Армани.
Целта е да се создаде франшиза, која би започнала на есен 2027 година во лигата „НБА Европа“, која секако би била водена од Соединетите Американски Држави.
Очигледно е дека најмоќната кошаркарска лига е во голема офанзива и дека најразвиените европски земји, односно нејзините клубови, сè повеќе размислуваат да влезат во овој проект, пред сè поради големата ветена финансиска добивка.
Спорт
Срушен е негативниот рекорд во Серија А

Претходното коло во Серија А беше најнеефикасно во историјата на Серија А (откако лигата се прошири на 20 клуба во сезоната 2004/2005 година).
Само 11 гола беа постигнати во десетте натпревари одиграни во сабота и недела во најсилното натпреварување на Апенините, во просек бил постигнат 1,1 гол по натпревар.
Претходниот негативен рекорд беше 13 гола, што се случи во два наврати, во сезоните 2004/2005 и 2022/2023 година.
Четири натпревари завршија без постигнат гол, Аталанта – Лацио, Џенова – Парма, Лече – Сасуоло и Пиза – Верона. Покрај овие тимови, уште два тима не го најдоа патот до противничките мрежи – Наполи и Рома.
Просекот го подобрија Милан и Фиорентина во натпреварот со најмногу голови во ова коло, натпреварот заврши 2:1.
Во историјата на италијанскиот елитен фудбал, веќе имало помалку голови во колото, во сезоните 1968/69 и 1979/80, биле постигнати само шест, но тогаш лигата имала 16 тима.