Македонија
(Видео) Андоновски: Изјавата на Закаријаш ги открива тајните и заткулисни игри на Заев со Бугарија
Поминува веќе втор ден, а МНР официјално не реагира на срамното негирање на македонскиот јазик од страна на високи државни претставници на Португалија, посочи денеска Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ, во изјава за медиумите.
„Државната секретарка за европски прашања на Португалија, Ана Паула Закаријаш, не зборува само во свое лично име. Таа не е ниту политичар во пензија, ниту пратеник од опозиција, ниту независен аналитичар. Таа зборува за македонскиот јазик како дел од бугарскиот доаѓајќи од официјална позиција на Португалија“, објаснува Андоновски, додавајќи дека Закаријаш се наоѓала на највисоко политичко ниво во Европа, за време на португалското претседателство со ЕУ.
Според него, изјавата дека македонскиот јазик потекнува од бугарскиот, не претставува ништо друго освен откривање на тајните и заткулисни игри кои премиерот Заев ги игра со Бугарија.
„Штом високи португалски претставници зборуваат дека македонскиот јазик бил дел од бугарскиот, очигледно тоа било дел од преговорите кои Заев и Бучковски ги имале со бугарскиот претседател Румен Радев. Она што Зоран Заев веќе со месеци го крие од македонскиот народ е токму она за кое зборува Закаријаш во својот брифинг со новинари“, посочи претставникот на ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека непротивењето на овој обид за создавање нов вештачки јазик од македонскиот јазик покажува на што сè се спремни луѓето од власта.
Андоновски го критикуваше и тоа што македонското МНР молчи и не испраќа официјална нота до Португалија.
„Бараме веднаш и без одлагање МНР да ја објави јавно комуникацијата со португалските колеги за да докаже дека протестирала на сквернавењето на македонскиот јазик. Второ – кабинетот на Зоран Заев да ги објави стенограмските белешки кои мора да ги имаат од средбата со бугарскиот претседател Румен Радев. Да видиме дали се преговарало за негирање на македонскиот јазик или се бранеле македонските интереси“, нагласи претставникот на опозициската партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

