Македонија
(Видео) Заев испрати селфи до колегите од Западен Балкан: „Успеавме! Нула денари во роаминг“

Премиерот Зоран Заев и генералната секретарка на Советот за регионална соработка во рамките на Берлинскиот процес, Мајлинда Брегу, денеска во Охрид, на маргините на настанот Преспа форум дијалог, испратија порака по повод укинувањето на роаминг-тарифите помеѓу шест земји на Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Србија и Црна Гора.
„Успеавме! Од денеска нашите граѓани можат да комуницираат за 0 денари во роаминг“, напиша премиерот Заев во својата порака која заедно со селфи ја испратија со Брегу на пријателите во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора.
„Ја остваривме идејата која ја договоривме во 2019 година за да го олесниме поврзувањето меѓу нашите граѓани, меѓу бизнисмените, академската заедница и младите и да го забрзаме напредокот кон поврзување на регионот. Со ова сме чекор поблиску до приклучување кон концептот ‘Роаминг како дома’ со земјите од Европската Унија“, нагласи Заев.
Генералната секретарка на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу, во својата порака на оваа заедничка промоција за 0 роаминг истакна:
„Да, денеска е историски ден, ние сме во роаминг слободна зона за сите држави од Западен Балкан. РСС одигра важна улога во овој процес, но немаше да ја постигнеме целта без лидерите од регионот, нивната посветеност и соработка, заедно со партнерството од Европската комисија. Од овој ден ги избришавме границите, бариерите и тарифите на нашите мобилни телефони. Како што истакна и премиерот Заев, следен предизвик ни е да ги започнеме разговорите со Европската Унија и да ги намалиме цените во роаминг помеѓу Западен Балкан и ЕУ“, заклучи Брегу.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Спасен параглајдеристот кој висеше закачен на дрво високо над 30 метри

Во лоши услови со силен ветар и во ноќ, тимот за спасување на планина на Дирекцијата за заштита и спасување безбедно го симна од дрвото на кое беше закачен странскиот параглајдерист во близина на Крушево, соопшти директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
Параглајдеристот нема сериозни повреди.
Претходно, попладнево од страна на полициската станица Крушево, ДЗС доби информација дека странски државјанин, додека летал со параглајдер удрил во дрво високо над 30 метри, од ударот се здобил со повреди и останал да виси на дрвото.
Бидејки локалните сили не можеа да го симнат повредениот параглајдерист, итно беше активиран тимот за спасување на планина на Дирекцијата за заштита и спасување,
Македонија
Свадба во струмичкиот затвор – осуденик го кажа судбоносното „да“

Во струмичкиот затвор денес се одржа невообичаен, но длабоко хуман чин – законска регистрација на брак на осудено лице кое моментално ја издржува затворската казна.
Настанот се реализира под покровителство на директорот на установата, Зоран Ристов, и заменик-директорката, Наташа Лазарова Донева, како дел од заложбите за почитување на човековите права и обезбедување правна сигурност за сите, без исклучок, соопшти Управата за извршување санкции.
Со оваа регистрација, лицето се стекна со правен идентитет – важен предуслов за пристап до здравствена, образовна и социјална заштита, но и чекор напред кон успешна ресоцијализација.
Од Управата додаваат дека ваквиот чин е резултат на добра координација меѓу затворската управа, стручните служби и релевантните институции, и покажува дека и во пенитенцијарниот систем постои волја за хуманост, инклузивност и правичност.
Македонија
Нов ЕХО апарат на гинекологија во Чаир за побрза и попрецизна дијагностика

Специјалната болница за гинекологија „Мајка Треза“ во Чаир доби нов ЕХО апарат, со кој значително се подобрува дијагностиката кај бремените жени и пациентките со гинеколошки проблеми.
Апаратот, вреден над 3,5 милиони денари, е обезбеден со поддршка од АД МЕПСО, која донираше над 2,7 милиони денари, како и со сопствени средства на болницата во износ од 800 илјади денари.
„Со новата апаратура ја зајакнуваме грижата за здравјето на жените, токму таму каде што е најпотребно. Зад секој апарат стои грижата за секоја жена, за секоја бремена мајка, за секој нов живот“, изјави министерот Азир Алиу за време на денешната посета на установата, придружуван од директорот на МЕПСО, Бурим Љатифи.
Оваа инвестиција претставува чекор кон унапредување на квалитетот на здравствените услуги и грижата за женското здравје.