Спорт
Велкоски останува во Сараево

Македонскиот ветеран, Крсте Велкоски го продолжи договорот со Сараево на уште две сезони, со што ќе продолжи да ја носи капитенската лента на славниот „бордо“ тим.
„Пресреќен сум што ја продолживме соработката, веќе шест години со задоволство го носам овој дрес, а овој клуб и овој град секогаш ќе бидат мојот дом. Се радувам на новите големи трофеи со клубот и ќе направиме се за нашите фанови“, изјави Велкоски.
Велкоски има вкупно 209 натпревари и 66 гола за Сараево, а минатата сезона ја заврши со 4 гола и 7 асистенции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Волеј на Ороз и гол со петица на Садик, реми меѓу Осасуна и Валенсија

Осасуна и Валенсија одиграа 3:3 во 26.коло, во Ла Лига. Натпреварот во Папмлона го обележаа спектакуларните голови и Аимар Ороз (Осасуна) и Умар Садик (Валенсија). Овие фудбалери постигнаа по два гола за своите тимови.
Валенсија на гостувањето кај Осасуна два пати имаше предност во првиот дел, но на полувреме Осасуна замина со предност.
Лопез погоди во 14.минута за валенсија, изедначи Аимар Ороз во 26. Нова предноста на Валенсија и донсе Садик во 39.минута, но седум минути подоцна Аимар Ороз со спектакуларен волеј изедначи на 2:2.
⚽️ GOAL: Aimar Oroz (2)
🇪🇸 Osasuna 2-2 Valenciapic.twitter.com/641HM2DbV0
— Goals Xtra (@GoalsXtra) March 2, 2025
Во 45.минута Анте Будимир од пенал го постигна третиот гол за Осасуна. Хрватскиот репрезентативец го постигна својот 57.гол во дресот на Осасуна, со што влезе во клупската историја. Стана најдобриот стрелец на Осасуна во Ла Лига.
Вториот дел не беше толку квалитетен како првиот. Делуваше дека Валенсија се предаде кога Садик во 87.минута од 11.метри со петица постигна неверојатен гол. Овој гол веројатно ќе конкурира и за наградата „Пушкаш“.
⚽️ GOAL: Umar Sadiq (2)
🇪🇸 Osasuna 3-3 Valenciapic.twitter.com/lBSJmWk4ZS— Goals Xtra (@GoalsXtra) March 2, 2025
Осасуна по 26 рунди се наоѓа на делба од 9 до 11.позиција со 33 бодови, Валенсија е 18. со 24 бодови колку шти има и Лас Палмас на 17.место.
Спорт
Милан е во слободен пад, загуби и од Лацио

Лацио во драмтичен натпревар го победи Милан на „Сан Сиро“ во Милано со 2:1. Натпреварот одигран во рамките на 27.коло, го реши ветеранот Педро од пенал во 98.минута. Во последните 35 години ова е само втора победа на Лацио против Милан во Милано.
Милан влезе во „црна дупка“ од која не мопже да се извлече. Против Лацио го забележа третиот пораз во низа во Серија А. Милан со 41 бод падна на деветтото место на табелата и како што стојат работите пласман во Лигата на шампионите е мислена именка за црвено-црните.
Лацио со оваа победа „скокна“ во зоната на лигата на шампионите. Екипата на Барони се наоѓа на четвртотот место со 50 поени, еден повеќе од петтопласираниот Јувентус.
Овој пораз ги разниша позициите на тренерот Серж Консеисао. Минатата недела, италијанските медиуми пишуваа дека Консеисао со Милан мора да ги добие натпреварите против Болоња и Лацио за да остане на функцијата. Милан двата натпревари ги загуби.
Што се однесува до натпреварот, Лацио дојде до предност во 28.минута со голот на капитенот Закањи. Милан играше подобро во вториот дел, не успеа да постигне гол до 68.минута, но остана со играч помалку. Српскиот репрезентативец Павловиќ доби директен црвен картон.
Лацио во последните 10 минути непотребно се повлече, Милан го искористи тоа и преку Чукуезе изедначи во 85.минута.
И кога се сите го чекаа крајот на натпреварот, Мењон направи фаул врз Исаксен. ВАР интервенираше, судијата покажа на белата точка, а Педро погоди за триумф на Лацио.
Спорт
Хаос во Нови Сад, се тепаа две групи навивачи на Војводина

Тежок инцидент се случи во Нови Сад, на стадионот „Караѓорѓе“, по завршувањето на натпреварот Војводина-Спартак (1:3).
Веднаш по завршувањето на натпреварот се случи жестока тепачка меѓу две франкции на навивачите на Војводина.
Во пресметката на навивачките франкции, летаа столици и пиротехнички сретства, поради што мораа да интервенираат редарите и полицајците.
Според српските медиуми едно момче завршило на Одделението за реанимација во болницата во Нови Сад.
Веднаш по натпреварот тренерот на Војводина, Ненад Лалатовиќ поднесе оставка на функцијата.