Македонија
Над 700.000 денари од акцијата на Sport Life за помош на Центарот за деца со аутизам во Охрид
Хуманитарната акција на Sport Life „Нaвиваме заедно за Македонија“, која траеше од 11 до 21 јуни, обезбеди вкупно 712.500 денари, средства наменети за поддршка на Центарот за рани интервенции и третман кај децата со нарушувања од аутистичниот спектар, во Охрид.
Во деновите додека навиваме за нашата репрезентација на ЕВРО 2020, Sport Life својата поддршка ја изрази со издвојување средства за донација од секој уплатен тикет со одигран натпревар со македонската репрезентација.

„За нас во Sport Life, спортскиот живот и општествената одговорност секогаш одат заедно. Заедно навиваме и заедно со нашите играчи и членови овозможивме да се соберат над 700.000 денари за подобрување на животот и условите за третман на лицата со аутизам. За таа цел го потпишавме договорот за донација со Здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој ‘Во мојот свет’, којашто ќе биде наменета за нивниот центар во Охрид“, изјави Емил Димитров, извршниот директор на Sport Life.
„Во Охрид, во рамки на ЈЗУ Општа Болница Охрид, на крајот на 2019 година беше отворен Центар за рани интервенции и третман на лица со нарушувања од аутистичен спектар, кој во текот на оваа година успеа да опслужи 80 деца. Проблемот со кој се соочувавме при функционирањето на Центарот, беше непостоењето на директен влез во просториите на истиот. Тоа беше огромен проблем за сите засегнати страни, а со почетокот на пандемија која сè уште трае, овој проблем стана уште поголем. Единствено решение беше изведување надворешни скали кои ќе водат директно до Центарот. Меѓутоа, тоа беше инвестиција која ние како непрофитна организација не бевме во можност да си ја дозволиме и оттука нашата огромна благодарност до Sport Life, за нивната донација која тоа ќе го овозможи“, беше истакнато од Весна Стојановска од здружението „Во мојот свет“.

Здружението „Во мојот свет“ успешно работи веќе 10 години, а неговите активности се насочени пред сè во обезбедување центри за рани интервенции и третман на деца со нарушување од аутистичен спектар, како во Скопје, така и во останатите градови низ Земјата и дневни центри за престој на возрасни лица. Засега, вкупно 4 центри во земјата функционираат под раководство на Здружението.
Sport Life, како и досега така и во иднина останува отворен за соработка со сите институции и организации за остварување на општествено одговорни проекти и цели во сите области на нашиот живот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Метеоролозите најавуваат поинтенезивни врнежи ноќеска и утре, од среда стабилизирање
Времето денес променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, најпрвин во западните делови каде ќе бидат пообилни и поројни со услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен југоисточен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во текот на ноќта. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 19 степени, јавува УХМР.
Денес најпрвин во западните, а во текот на ноќта и во понеделник претпадне насекаде, ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и поројни со услови за појава на грмежи. Поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (локално над 30 l/m²) и засилен ветер се очекуваат во текот на ноќта, особено во западните делови од земјата. Во вторник ќе има локални врнежи од дожд со послаб интензитет, а потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со благ пораст на дневните температури.
Македонија
Герасимовски: Воведуваме „Центарска картичка“ со попусти за културни, спортски настани, локали и продавници
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска најави дека се воведува „Центарска картичка“ со попусти за културни и спортски настани, локали и продавници.
„Секој центарец добива еднаш годишно бесплатна карта за театарска претстава, а за секоја следна купена карта добива 20% попуст. Со картичката, овоможуваме и 20% попуст за натпреварите на нашиот најтрофеен клуб „Работнички“, како и попусти за влез на базен. На нашите центарци, на децата и возрасните им овозможуваме подобри услови и поволности“, рече Герасимовски.
Македонија
Почина Агим Јонуз
Политичкиот анлитичар, Агим Јонуз, почина во Скопје на 63 години по боледување.
Јонуз беше активен во политичкиот живот во Македонија не само како аналитичар и колумнист, туку и како поранешен советник и портпарол на поранешниот претседател на Собранието, Лупчо Јордановски и на поранешниот премиер Бучковски.
Во 2021 година Јонуз беше носител на листа на советници за Град Скопје предложен од „Твоја Партија“.
Јавноста го познаваше како чест гостин во политичките дебатни емисии на телевизиите.
Погребот на Агим Јонуз ќе се одржи утре, 26 октомври 2025 година, на гробиштата во Бутел.

