Спорт
Виера пристигнува во јужен Лондон – Палас го потврдија Французинот
Една деценија откако последен пат играше во Премиер лигата, легендата на Арсенал, Патрик Виера е потврден како нов менаџер на лондонските ривали Кристал палас, кои му дадоа тригодишен договор на поранешниот тренер на Ница и Њујорк сити. 45-годишниот Виера го заменува Рој Хоџсон, кој замина во пензија.
„Возбуден сум што имам шанса да се вратам во Премиер лигата и да бидам менаџер на овој голем фудбалски клуб со кој почнуваме ново поглавје. Проектот е навистина примамлив, зборував со спортскиот директор и со претседателот за амбициите на клубот и се надевам дека ќе помогнам во растот на клубот. Едвај чекам да ги поздравам навивачите на ‘Селхарст парк’“, вели Виера.
Покрај фантастичната светска титула со Франција во 1998 година, Виера останува запаметен кај навивачите на Арсенал како капитен на „непобедливите“ на Арсен Венгер, освојувајќи три титули во Премиер лигата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ига Швјонтек суспендирана поради допинг
Полската тенисерка Ига Швјонтек, до неодамна број еден на планетата, падна на допинг тест и поради тоа е суспендирана.
Оваа информација ја објави Меѓународната единица за интегритет (ИТИА), истата организација која претходно беше задолжена за случајот со Јаник Синер.
Се наведува дека Ига Свјонтек била позитивна на забранетата супстанција триметазидин (ТМЗ).
Истрагата на ИТИА покажа дека причина за позитивниот резултат е контаминација на стандардната медицинска терапија што ја земала тенисерката.
Затоа, слично како кај Синер, беше донесена пресуда дека моментално втората тенисерка на планетата не сноси директна вина за позитивниот наод.
Во своја одбрана таа нагласи дека немала намера да ја внесе забранетата супстанца во своето тело. Таа објасни како нејзиниот лекар, експерт за спортска медицина, и препорачал лек кој требало да ги намали негативните ефекти од џет-лаг поради постојаното патување, без таа да знае дека лекот ја содржи споменатата забранета супстанца.
ITIA објави дека Швјонтек прифатила едномесечна суспензија откако беше позитивена на допинг тестот во август оваа година.
Казната е ваква затоа што наводно Швјонтек немала намера да користи незаконски средства.
Беше објавено дека Ига веќе била суспендирана во текот на септември и октомври кога не играла на азиската турнеја.
Во текот на оваа година Швјонтек го освои Ролан Гарос, додека во полуфиналето на Олимписките игри во Париз беше поразена од Кинеската Женг.
Таа до неодамна беше број еден во светот, кога приматот го презеде Белорусинката Арина Сабаленка.
Спорт
Лазаров пред дуелите со Вест Виена: Нашата цел е пласман во наредната рунда
Извор/ rkalkaloid.mk
По успешниот старт на сезоната во кој екипата комплетираше 14 победи по ред меѓу кои и два натпревари од Европскиот ЕХФ Куп против литванскиот претставник Клаипеда Драгунас, РК Алкалоид се наоѓа пред вториот европски предизвик сезонава.
Во третото коло, РК Алкалоид за пласман во 1/8 финалето ќе игра против екипата на Вест Виена од Австрија.
Вест Виена е клуб со богата, речиси 80 годишна традиција и вредни резултати во кои се запишани и шест шампионски титули во домашното првенство едно полуфинале во Лигата на шампионите на ЕХФ.
Последната шампионска титула ја освоија во 2023 година, но соочен со економски проблеми, клубот истата сезона се повлече од најсилното натпреварување.
Веднаш успеа да се врати во најсилната конкуренција, а во процесот го освоија и Куп на Австрија со што се здобија со право да настапат во годинешниот ЕХФ Европски Куп.
Во второто коло, Вест Виена играше два натпревари на Фарски острови против екипата на Вестмана ИФ. На првиот меч победија со 29-22, разликата ја одбранија на реваншот што го загубија со 30-34.
„Виена е екипа која е составена од младински репрезентативци од Австрија, тим против кого нашите младинци одиграа ова лето нерешено. Противникот е технички добро подготвен и трча многу добро. За нас како тим тоа ќе биде одлично бидејќи играме ист ракомет. Гледачите во рок од 48 часа ќе можат да гледаат два добри натпревари. Наша цел е победа, но за тоа треба да одиграме. Мораме да бидеме максимално сериозни во пристапот, наша цел е да го надоградуваме нашиот систем. Се надевам дека ќе има повеќе публика во Автокоманда. Овие момци во периодот во кој измина заслужија да имаат поддршка особено на европски натпревари“, изјави тренерот на Алкалоид, Кирил Лазаров.
Двата натпревари ќе се играат во салата „Автокоманда“. Во петок (29 ноември) и сабота (30 ноември). Двата натпревари се закажани со почеток од 19:00 часот.
Спорт
(Видео) Мбапе на „Енфилд“ го одигра најлошиот меч во кариерата
Зачестија кртиките, особено од навивачите, кон најголемото засилување на Реал, Килијан Мбапе. Францускиот репрезентативец во дресот на Реал делува како да заборавил да игра фудбал и најчесто делува како просечен играч.
Се очекуваше Французинот оваа сезона да го носи „кралскиот клуб“, особено во дерби натпреварите, а од недела во недела е се полош и полош.
Ливерпул рутински го надигра Реал со 2:0, а токму Мбапе беше трагичар на шпанскиот великан.
Францускиот напаѓач имаше можност да израмни од пенал на половина час пред крајот, при водство на Ливерпул со 1:0. Лошо шутираше во десниот агол, но тоа го изведе доста лошо, па Квен Келехер одлично одбрани и го остави својот тим во водство.
Настрана промашениот пенал, генерално Мбапе одигра еден од најлошите натпревари во кариерата.
Загуби седум од 13 дуели и имаше дури 15 загубени топки.
Успешноста на неговите додавања изнесуваше скромни 75 проценти, што значи дека го промашил секое трето додавање, додека имаше 50 отсто успешни дриблинзи (3/6). Интересно, не создаде ниту една прилика.
Kelleher saves Mbappé’s penalty! 🤯 pic.twitter.com/SqDe1UOZ0u
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) November 27, 2024