Македонија
Демократскиот сојуз: Парламентот да усвои резолуција за стратешките државни и национални интереси за преговорите со ЕУ

Демократскиот сојуз смета дека Собранието треба да расправа и да усвои резолуција за стратешките државни и национални интереси поврзани со евроинтеграциските процеси сѐ со цел да се упати јасна порака и до Европската Унија, но и до соседните држави дека никој нема право да го оспорува нашиот македонски национален идентитет, неговиот историски континуитет, како и јазикот, кој е едно од клучните обележја на секој народ, стои во писменото соопштение од оваа партија.
Демократскиот сојуз инсистира на консензус при носење резолуција или декларација на Собранието.
„За овие прашања потребен е и граѓански и политички консензус, а не тие да бидат причина за внатрешни поделби и собирање дневнополитички поени“, велат од оваа партија.
„Очекуваме расправа во парламентот и подобрување на текстот на предложената резолуција за таа да биде основа за сплотување, помирување и за надминување на внатрешните поделби и конфликти“, потенцираат од Демократскиот сојуз.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Времена измена на сообраќајот на автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица

Синтек Инженеринг известува дека отпочнува времена измена на сообраќајот на автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 17.4.2025 до 31.5.2025, поради изведба на реконструкција на десната тунелска цевка на Тунел Т2. Десната тунелска цевка на тунел Т2 е целосно затворена за сообраќај, а сообраќајот е целосно пренасочен во левата тунелска цевка, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска поради уличен дефект ф-100 мм на улицата Христо Татарчев 22/4, во општина Кисела Вода, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица, односно крак 22.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување на интервенцијата.
Наведената улица нема да биде проодна за сообраќај.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска без напојување со електрична енергија ќе останат:
· Oд 06:30 до 13:00 часот, дел од с.Сарај ул.4 – пат за с.Љубин кај кафе Лозана. (Општина Сарај)
· Oд 09:00 до 13:00 часот,ул.Лазар Трповски зграда бр.1 бр.5 кои се до ТС Лазо Трповски. (општина Чаир)
· Oд 09:00 до 15:30 часот,с.Патишка Река, викендици Патишка Река и викендици Држилово.(општина Сопиште)
· Oд 10:00 до 14:30 часот, дел од потрошувачите на ул.Наум Чакаров бр.1-5 и ул.Борис Сарафов бр.105-121.(Општина Ѓорче Петров)
· Oд 12:00 до 13:00 часот, дел од ул.1 во с.Побожје, пат кон Бутел. (Општина Чучер Сандево)