Македонија
Левицата: Обезбедена е поддршка за интерпелација на спикерот Талат Џафери
Првичната иницијатива на двајцата пратеници на Левицата за поднесување интерпелација за работата на претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, наиде на голема поддршка кај македонската опозиција и таа денес е поднесена преку архивата на македонското Собрание, соопштија од Левицата.
„И покрај тоа што во катастрофалното менаџирање на внатрешната работа на Собранието на РМ може да се набројат над 30-ина прекршувања на Уставот, законите и Деловникот – сепак, поради ограничениот простор, поднесената интерпелација се однесува на три главни причини: повреда на Амандманот V од Уставот на РМ преку неупотреба на македонскиот јазик во излагањето на Џафери пред Комитетот на министрите на Европскиот парламент како единствен службен јазик во меѓународните односи на Републиката; свесно и злонамерно истиснување на македонскиот јазик од интерната употреба во парламентот преку противуставно, противзаконско и противделовничко доставување само на двојазични материјали за сите пратеници (на македонски и на албански јазик), а не само за оние пратеници што говорат друг јазик во службена употреба, различен од македонскиот; и повреда на протоколот и дополнението на протоколот за организирање седници во услови на корона-криза кога спикерот – правејќи кривично дело – дозволи двајца позитивни пратеници на Ковид-19 да гласаат во скафандери во Собранието на РМ свесно загрозувајќи им го здравјето на сите други пратеници“, е посочено во писменото соопштение од Левицата.
Од оваа партија дополнуваат дека на 2 јули правниот тим на Левицата поднел и итна иницијатива за вршење вонреден инспекциски надзор до Министерството за култура, кое е надлежно да врши контрола над правилната употреба на македонскиот јазик од страна на јавните и приватните субјекти.
Истовремено, ги повикуваат сите пратеници, и од власта и од опозицијата, да ја поддржат интерпелацијата со цел, како што напоменуваат, преку заедничко дејствување да се стави крај на самоволието на собранискиот спикер, кој во последно време, како што велат од Левицата, покажува недозволиви автократски тенденции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

