Црна хроника
Оружје, експлозив и муниција прoнајдени во куќа во Прилеп
Прилепската полиција, по добиена судска наредба, денеска извршила претрес во дом и други простории кај 50-годишник од овој град, со иницијали Д.Р.
Како што информираат од МВР, при претресот биле пронајдени и одземени пушка „црвена застава“ калибар 16 милиметри, пиштол од германско производство калибар 9 милиметри, 4 парчиња бавногоречки штапин за експлозив, детонаторска каписла број 8, 10 парчиња муниција со калибар 7,9 милиметри и 6 ловечки патрони, за кои не поседувал дозвола.
По целосно документирање на случајот против прилепчанецот ќе биде поднесена кривична пријава за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсени тројца кумановци: биле барани по потерница за издржување казна затвор за тешка кражба
Вчера во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода 32-годишниот О.Ј., 36-годишниот Г.Н. и 29-годишниот Ѓ.М. од Куманово, кои биле барани по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна за сторени кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.
Тие биле спроведени во Казнено – поправна установа Затвор К’шање за издржување на казната.
Црна хроника
На скопскиот аеродром уапсени две лица од Турција, на увид дале фалсификувани пасоши
Вчера во 10.00 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, на излез од државата, полициски службеници ги лишиле од слобода 53-годишниот И.К. и 26-годишниот С.К., двајцата од Република Турција, затоа што при пасошка контрола и проверки во оперативна евиденција било констатирано дека приложиле фалсификувани патни исправи.
Тие биле предадени на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал и миграции Скопје за понатамошна постапка.
Црна хроника
Апсења во Аеродром и Центар: кај три лица пронајдена марихуана
Вчера во 18.00 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода 27-годишниот Д.С. од Велес, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
На подрачјето на општина Аеродром, вчера вечер во 22.20 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода 23-годишниот М.М. од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Вчера вечер, во 22.50 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода 30-годишниот В.Ј. од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случаите, МВР најави дека ќе следува соодветен поднесок.