Спорт
Адам Ханга од Барселона се пресели во Реал

Еден од најдобрите играчи на барселона, Адам Ханга, во иднона ќе го носи дресот на најголемиот ривал, Реал Мадрид. Унгарскиот репрезентативец, решил да не ја искористи опцијата и да го продолжи договорот со Барселона, туку како слободен играч се сели во Мадрид.
Поранешниот кошаркар на Манреса и Басконија, минатата сезона даде голем придонес во освојувањето на шампионската титула. Барселона, по пауза од седум години ја освои титулата во Шпанија, а по пауза од 11 години играше на завршниот турнир во Евролигата.
Сигурно е дека овој траснфер дополнително ќе ги разгори страстите во Шпанија. Пред Ханга, трансфер во Реал од Барселона договори Томас Ертел. Две години претходно некогаш најдобриот играч на Реал, Никола Миротиќ ја напушти НБА лигата и наместо во Мадрид се пресели во Барселона.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
„Шумарите“ го отпуштија Нуно Еспирито Санто

Нуно Еспирито Санто повеќе не е менаџер на Нотингем Форест. Португалскиот стручњак доби отказ по 21 месец на клупата и само три натпревари во новата сезона. Неговата позиција беше неизвесна во последните две недели, откако јавно призна дека неговиот однос со сопственикот Евангелос Маринакис се влошува.
Шпекулациите за неговиот наследник веќе се во тек во клубот, а одлуката наскоро ќе биде донесена. Поранешниот тренер на Тотенхем, Ангелос Постекоглу, е меѓу кандидатите. Во соопштението објавено по полноќ, Форест му се заблагодари на Португалецот „за неговиот придонес за време на многу успешната ера на Сити Граунд“ и дека тој „секогаш ќе има посебно место“ во историјата на клубот.
Нуно го презеде Форест во декември 2023 година откако Стив Купер беше отпуштен и успеа да обезбеди опстанок во Премиер лигата. Минатата сезона, тој го водеше клубот до седмото место, нивниот најдобар пласман од 1994/95 година, и избори пласман во европските купови за прв пат по три децении.
Тој успех му донесе нов тригодишен договор во јуни. Форест ја започна новата сезона солидно, но пред репрезентативната пауза во септември, претрпеа тежок домашен пораз од 0:3 против Вест Хем.
Иако забележа голем успех на теренот, односот меѓу Нуно и Маринакис беше сè позатегнат. Во август, Португалецот отворено призна дека се плаши за својата работа.
Несугласувањата настанаа околу политиката за трансфери. Форест донесе 13 нови играчи ова лето со вкупно потрошени околу 196 милиони евра, додека Ентони Еланга, Данило и Вејн Хенеси беа меѓу оние што заминаа. Контролата врз спортскиот сектор ја презеде Еду, глобалниот шеф на фудбалот, што дополнително го оддалечи Нуно од клучните одлуки.
Во мај минатата сезона, Маринакис дури и му пристапи на Нан на теренот по нерешениот резултат 2:2 со Лестер, што медиумите го опишаа како конфликт. Клубот го негираше тоа и го нарече „лажна вест“, но јасно е дека односите беа нарушени.
Нуно Еспирито Санто го предводеше Форест во 73 натпревари – оствари 28 победи, 20 нерешени резултати и 25 порази.
Foto/ EPA
Спорт
Поранешниот селектор на Данска го презеде Баер Леверкузен

Каспер Хјулманд е промовиран во нов тренер на Баер Леверкузен.
Ерик тен Хаг имаше кратка епизода на клупата на Баер, а германскиот шампион од 2024 година ја искористи репрезентативната пауза за да му врачи отказ. Холанѓанецот во Леверкузен за задржа само 62 дена, тимот го водеше во три натпревари.
Каспер Хјулманд, поранешен селектор на Данска, кој ја напушти репрезентацијата во јули минатата година по Европското првенство дојде на местото на Тен Хаг..
Ова е враќање на Хјумланд во германскиот фудбал, бидејќи го водеше Мајнц од мај 2014 до 2015 година…
Тој седеше на клупата на Данците од јуни 2019 година, а својот најголем успех го имаше две години подоцна на Европското првенство кога стигна до полуфиналето.
Спорт
(Видео) Голема победа на Данска во Атина, Косово ја изненади Шведска, Хрватска лесно ја реши Црна Гора

Данска, Швајцарија, Косово и Хрватска забележаа победи во квалификациите за пласман на Светското првенство.
Косово, велерва го направи најголемото изнеандување, лесно ја победи Шведска со 2:0.
Избраниците на Франк Фода го решија победникот во првото полувреме со головите на Рексбечај и Муричи.
Во вториот натпревар од оваа група, Швајцарија рутински ја победи Словенија – 3:0.
За првиот гол, Елведи го искористи киксот на Дркушиќ и го совлада Облак. Емболо го зголеми резултатот на 2:0, а Ндоје го заврши одличното прво полувреме.
Хрватите рутински славеа во соседското дерби пред околу 20.000 луѓе на „Максимир“ и го одржаа својот максимален учинок по четири натпревари.
Стрелци за домашниот тим беа Кристијан Јакиќ во 35-та минута, Андреј Крамариќ во 51-та минута, автогол си постигна Едвин Кучо во 86-та минута, а Иван Перишиќ погоди во втората минута од судиското продолжение.
Во оваа група Фарските Острови победија во Гибралтар со 1:0.
Данска забележа голема победа во Атина над Грција (3:0). Грците не беа на висина на задачата. Не упатија ниту еден удар кон голот во текот на сите 90 минути. Тоа им ја олесни работата на Данците, кои обезбедија важни бодови со головите на Дамсгард во 32-та минута и Кристенсен во 62-та минута. Пјер Емил Хајберг асистираше за двата гола.
Конечните 3:0 беа дело на Расмус Хајлунд во 81-та минута.
Foto/ EPA