Спорт
Манчини лут пред полу-финалето: Ова не е фер
Италија и Шпанија, вечерва, ќе го одиграат првото полу-финале на Европското првенство. Овие две селекции имаат долго ривалство зад себе, во Лондон ќе го одиграат 34.меѓусебен дуел. Шапнците имаат 12 победи, Италијанците девет, 12 пати одиграле нерешено. Последната нивна средба, во 2017 година, заврши со победа на Шпанија 3:0, додека последен пат на Европско првенство играле во 2016 година, тогаш со 2:0 победи Италија.
„Какви ни се шансите за пласман во финалето? Па тие се 50 отсто“, рекол италијанскиот селектор, Роберто Манчини, под чија палка Азурите немаат пораз на последните 32 натпревари.
Португалците, во септември 2018 година се последната репрезентација која ја победила Италија.
Манчини, пред дуелот со Шпанија, го изразил незадоволството што британските власти им забранија влез во државата на навивачите од Италија, Шпанија и Данска.
Само Италијанци и Шпанци кои живеат во Велика Британија ќе можат да навиваат на Вембли за своите селекции.
„Тоа не е фер“, рекол Манчини, иако домаќинот најавува дека натпреварот ќе го следат 60.000 навивачи. Проблемот за Италија и Шпанија е тој, што тие навивачи се Британци и ќе бидат неутрални.
„Подобри сме кога играме пред голем број навивачи, отколку кога на трибините нема или има малку гледачи. Тоа е добро за фудбалот. Меѓутоа, сметам дека не е коректно што капацитетот нема да биде исполнет со навивачи на Италија и Шпанија“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Матета го известил Кристал Палас дека сака да го напушти клубот
Францускиот фудбалер, Жан-Филип Матета го известил Кристал Палас дека сака да го напушти клубот, бидејќи за него се заинтересирани неколку тимови од Премиер лигата и Јувентус, објавија британските медиуми.
На Матета му остануваат уште 18 месеци од договорот со Кристал Палас, а како што стојат работите во моментов, нема планови за продолжување на соработката, објавува Би-Би-Си.
Италијанскиот гигант Јувентус се обиде да го потпише напаѓачот овој месец. Јувентус го сакаше Матета на позајмица со задолжителен откуп на договорот по завршувањето на сезоната, но и покрај тоа што фудбалерот ги прифати условите, од Кристал Палас јасно порачаа дека Матета може да заине за сум од околу 40 милиони евра.
Интерес покажа и Астон Вила, која го следи Матета долго време и ја разгледува можноста за трансфер во овој преоден рок.
Тренерот на Кристал Палас, Оливер Гласнер, минатата недела призна дека клубот разгледува понуди за Французинот.
„Ќе има цена што Кристал Палас ќе ја прифати, со оглед на тоа што му остануваат уште 18 месеци од договорот. Ако Матета го сака тоа и некој ја плати таа цена, зделката ќе биде склучена. Ако не, тој останува“, рече австрискиот стручњак.
Палас, кој го освои ФА Купот во мај, веќе го продаде клучниот играч за врска Еберечи Езе на Арсенал во текот на летото, додека пред неколку дена остана и без капитенот Марк Гуехи, кој се пресели во Манчестер Сити за 20 милиони фунти.
Гласнер минатата недела објави дека ќе го напушти клубот на крајот од сезоната, а по поразот од Сандерленд во саботата, тој го нападна раководството на клубот, тврдејќи дека тимот бил „напуштен“ поради лоша стратегија за трансфери.
Спорт
По дебаклот во Норвешка „граѓаните“ ќе им ги рефундираат парите на навивачите
Играчите на Манчестер Сити одлучија да им ги рефундираат парите на 374 навивачи кои патуваа во Норвешка за да го проследат дебаклот на нивниот тим од Боде/Глимт (1:3) во Лигата на шампионите.
Билетот за гостинските навивачи чинеше околу 25 фунти, па играчите на Сити ќе издвојат вкупно 9.357 фунти за да ги надоместат трошоците за оние кои патуваа во Арктичкиот круг.
Во име на тимот, капитените Бернардо Силва, Рубен Дијаш, Родри и Ерлинг Халанд рекоа дека поддршката од навивачите е од големо значење за клубот.
„Нашите навивачи ни значат сè. Знаеме какви жртви прават кога патуваат низ целиот свет за да нè бодрат, и никогаш не го земаме тоа здраво за готово. Тие се најдобрите навивачи во светот“, рекоа тие во заедничко соопштение.
Капитените, исто така, истакнаа дека се свесни колку е тешко патувањето, особено поради многу ниските температури и тешката вечер на теренот.
„Свесни сме дека ова беше долго патување за навивачите кои нè поддржуваа во жестокиот студ за време на еден тежок натпревар за нас. Покривањето на трошоците за билети за оние кои патуваа до Боде е најмалку што можеме да направиме“, рекоа играчите на Манчестер Сити.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Никс го победија Бруклин со 54 разлика
Њујорк Никс забележаа рекордна победа, најголема од основањето на франшизата во 1946 година. Во дербито на „Големото јаболко“ против Бруклин Нетс,една од двете најстари НБА франшизи триумфираше со 120:66 (38:20, 22:18, 28:18, 32:10).
Пред овој, имаше само два натпревари во историјата на НБА каде што победникот имаше 120 или повеќе поени, а противникот 70 или помалку.
Џејлен Брансон беше најефикасен со 20 поени со четири скока и пет асистенции, Ландри Шемет потигна 18 поени (шест тројки од шест обиди.

