Македонија
Проректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ ќе одржи предавање за безбедносните ризици на Софискиот универзитет
Проректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ и професор на Факултетот за безбедност – Скопје, проф. д-р Марјан Ѓуровски, во рамките на дводневната работна посета на Софискиот универзитет денеска во Ректоротот ќе одржи предавање на тема: „Безбедносните ризици за Северна Македонија и Западен Балкан: регионални предизвици и приоритети“.
Се очекува проректорот Ѓуровски да биде примен од ректорот на Софискиот универзитет, проф. д-р Анастас Герџиков, каде што ќе се разговара, меѓу другото, за имплементацијата на заедничкиот меморандум на соработка меѓу Софискиот и битолскиот државен универзитет, во функција на негово интензивирање преку одржување заеднички активности и истражувања, како и изнаоѓање механизми за подготовка и апликација на проекти поддржани и финансирани од програмите на Европската Унија. Меморандумот пред една година го потпишаа ректорите на битолскиот универзитет, Сашо Коруновски, и на Софискиот универзитет, професор Герџиков.
Проректорот Ѓуровски вчера зеде учество на ЕУ-проектот „Превекс“, финансиран од програмата „Хоризонт 2020“ за научни иустражувања и иновации. Посебен акцент на меѓународниот семинар од негова страна беше ставен на факторите, контекстите и развивањето на насилниот екстремизам низ призмата на јавните политики и стратегии. Важен процес, според професорот Ѓуровски, е дерадикализацијата и ресоцијализацијата на лицата странски борци повратници или радикални поединци, кои злоупотребувајќи ја верата, може да направат безбедносни проблеми во земјата и пошироко. Меѓу другото, беше искажано загрижување за појавата на политички екстремизам и радикализам, кој по земјите од Европската Унија, има индиции за појава и во земјите од Западени Балкан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВЛЕН: Ако СПАК-от на ДУИ не е само за спектакл, нека побара екстрадиција на Артан Груби од Албанија
ДУИ во Чаир помпезно го најавува формирањето на локален СПАК (Специјално обвинителство против организиран криминал и корупција), како да ја открила Америка. Но, прашањето што веднаш се поставува е: дали овој СПАК ќе го истражи и сопственото раководство или е само уште еден театар за измама на граѓаните, прашуваат од ВЛЕН.
„Корупцијата има познати лица: Фатон Ахмети, поради сомневања за злоупотреба на средства во ФЗО, Арбер Адеми, како министер за образование со отворени случаи за злоупотреба, Бујар Османи, за случајот „Пациент“ и многу други кои денес седат во раководството на ДУИ како недопирливи. ВЛЕН го поздравува овој СПАК на ДУИ и сугерира дека, ако е навистина за акција, а не за спектакл, треба да ги започне истрагите токму со овие имиња. Првото нешто што треба да го направи е да воспостави комуникација со СПАК на Албанија и да побара екстрадиција на Артан Груби, симбол на ароганција и злоупотреба на моќ“, пишува во соопштението.
Ако овој СПАК е сериозен, велат од ВЛЕН, нека се обиде да ги истражи сопствените недопирливи.
„Само тогаш граѓаните ќе веруваат дека транспарентноста не е фасада, туку реалност. Дотогаш, ова останува потсмев, „СПАК за Фејсбук“, а не за правда“, велат од ВЛЕН.
Македонија
(Фото) Мицкоски објави дека е реконструиран дел од локалниот пат Драчево – мотел „Китка“
Премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи објави дека е завршена реконструкцијата на дел од локалниот пат Драчево – мотел „Китка“.
Како што извести премиерот, проектот опфаќа поставување нов асфалтен слој со дебелина од 8 сантиметри, уредување на банкини од двете страни на коловозот, изградба на армирано-бетонски пропусти и потпорни ѕидови, како и оформување отворени канали, риголи, тротоари и ивичници на клучните делови од трасата.
„Со вкупна должина од 6,42 километри и ширина на коловозот од 3,5 метри, патот доби стабилна, функционална и долготрајна сообраќајна инфраструктура.
Инвестицијата во износ од 63.537.537 денари е обезбедена од Владата преку Министерството за транспорт. Овој проект има значајно влијание врз подобрувањето на руралната поврзаност, олеснување на секојдневниот транспорт и создавање услови за локален развој“, пишува Мицкоски.
Македонија
Исчезна Виктор Илиоски од Прилеп, мајката очајна
Семејството на Виктор Илиоски од Прилеп очајно бара помош за негово пронаоѓање.

Според објавата на социјалните мрежи, трагата му се губи од саботата попладне, околу 14 часот.
Облечен бил во тегет јакна, црни тренерки и сиви патики.

