Спорт
Две топки на теренот: на пеналот му претходеше уште една спорна ситуација
Англија прв пат во својата историја избори пласман во финалето на едно европско првенство. Англичаните, синоќа, по продолженијата, ја победија Данска со 2:1. Англија беше подобриот тим на теренот, но до победата фудбалерите на Герет Саутгејт дојдоа од непостоен пенал.
Најголем дел од фудбалскиот свет му е лут на судијата Дани Макели. Не е јасно зошто не ја виде снимката кога Стерлинг падна пред голот на Шмајхел.
Но, на спорниот пенал му претходеше уште еден спорен момент. Неколку секунди пред Стерлинг да влезе во шеснаесетникот на Данска на теренот имаше две топки. Според правилата играта требаше да биде прекината.
Очигледното не го видоа или не сакаа да ги видат Макели и неговите помошници, односно четворицата судии, во ВАР-собата.
На Макели му асистираа сонародниците Стегстр и Де Вирс, а во ВАР-собата беа Ван Бокле, Блом, Гителман и Хил. Четврти судија беше Романецот Хатеган.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Лудница во спринтот во Херез, победи Мартин
Хорхе Мартин го освои првото место на спринт трка во Херез во рамките на Мото ГП шампионатот.
Шпанецот на Прамак Дукати беше убедлив, максимално ги искористи проблемите со кои се соочија неговите конкуренти и на крајот ја мина целта за 19:52.682 минути.
На второто место со речиси три секунди заостанување се најде младиот Педро Акоста (ГасГас) кој продолжи да постигнува одлични резултати во својата прва сезона во кралската класа.
Блесна и тоа не по своја вина и Фабио Кваратараро. Светскиот шампион со Јамаха од 2021 година од 23. дојде до третото место.
Спринтот во Херез сигурно е една од најинтересните и најчудните трки во Мото ГП во последните 10 години.
Буквално сите кандидати за висок пласман паднаа, а само Марк Маркез успеа да се врати и да ја продолжи трката. Шпанецот којс тартуваше од пол-позицијата, првото место го загуби во првите неколку свиоци.
Сепак не се откажа, во деветтиот круг успеа да го мине Мартин, но на чело на трката беше само еден круг, бидејќи падна, се врати на патеката и на крајот го освои осмото место.
Трката не ја заврши ниту актуелниот шампион, Пеко Бањаја, исто како и Вињалес, Басијанини, Алекс Маркез, Биндер…
Спорт
(Видео) Вест Хем (дефинитивно) го исфрли Ливерпул од шампионската трка
Вест Хем попладнево го исфрли Ливерпул од шампионската трка. Во рамките на 35.коло, Вест Хем и Ливерпул одиграа 2:2. Ливерпул остана на третата позиција со 75 бода, два помалку и натпревар повеќе од лидерот Арсенал. На третото место е Манчестер сити со 76 бода и два натпревар помалку од лидерот на на табелата.
Вест Хем поведе во 43. минута благодарение на Џерод Бовен, кој погоди по кронерот на Кудуз.
Бовен со овој гол влезе во историјата на Вест Хем. Ниту еден играч пред него не постигнал 16 голови во една сезона во Премиер лигата.
Ливерпул израмни на самиот почеток на второто полувреме. Робертсон во 48.минута го совлада Ареола.
Ливерпул направи пресврт 17 минути подоцна. Карамбол ситуација пред голот на Вест Хем, заврши со комичен авто-гол на голманот Ареола.
Голманот на Вест Хем одлчно реагираше по ударот на Дијаз во 73.минута.
Казната Ливерпул го стигна четири минути подцна кога Антонио гои постави конечните 2:2.
Спорт
Газета дело Спорт: Милан избра нов тренер
Хулен Лопетеги би требало да биде тренер на Милан од следната сезона, пренесува „Газета дело Спорт“.
Шпанецот ќе дојде на местото на Сзтефано Пиоли, кој по пет сезони ќе го напушти „Сан Сиро“.
На Пиоли му пресудија променливите резултати оваа сезона. Милан на половина од сезоната отпадна од трката за шампионската титула, испадна во групната фаза во Лигата на шампионите, се пресели во Лига Европа и доживеа елиминација во четвртфиналето од Рома.
Лопетеги го напушти англискиот премиерлигаш Вулверхемптон претходно оваа сезона и оттогаш е без работа. Тој беше шпански селектор од 2016 до 2018 година, доби отказ неколку дена пред стартот на Светското првенство во Русија, бидејќи потпиша договор со Реал.
Мандатот во „кралскиот клуб“ му траеше само пет месеци, потоа се пресели во Севилја со која имаше успешни две сезони.