Црна хроника
Пронајдени 59 мигранти во Лојане, меѓу кои една бремена жена и четири деца
Кумановската полиција пронашла вкупно 59 мигранти од Авганистан, Пакистан и Кина во куќа во кумановското село Лојане, меѓу кои имало четири деца и една бремена жена, соопшти МВР.
Во кумановско Лојане има голем број мигранти кои преку Македонија сакаат да стигнат во Западна Европа, па триесет иосумгодишен жител на Лојане им наплаќал по пет евра од човек секој ден за престој во неговата куќа. Дневно земал 300 евра, а месечно 9.000 евра.
Полицијата стигнала до него при приведување на двајца други жители на Лојане кои се барале со потерница за издржување на затворска казна за криумчарење мигранти, едниот од шест, другиот од две години. Кумановецот кој им наплаќал на мигрантите за престој му бил роднина на едниот од нив и живееле во ист двор.
Против него ќе биде поднесена пријава за „фалсификување исправа“ и „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, а двајцата приведени ќе бидат спроведени во затвор./крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
24-годишник ја претепал мајка му во Охрид
Денеска (12.11.2025) во 06:35 часот на улица „Јане Сандански“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија 24-годишник од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 50-годишна мајка.
По целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Црна хроника
Ја истепала мајка си: уапсена 35-годишна жена од Охридско
На 11.11.2026 во 20:00 часот во охридско село, полициски службеници од СВР Охрид лишиле 35-годишна жена.
Полицијата постапила по претходна пријава дека таа физички ја нападнала нејзината 62-годишна мајка, при што употребила и тврд предмет.
Според МВР, по целосно документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
12-годишно дете повредено во Центар – напаѓачот му го оштетил велосипедот
Во полицијата е пријавен напад врз 12-годишно дете што се случил на 11 ноември, околу 15:50 часот, во скопската општина Центар.
Според пријавата поднесена од Г.М. (39) од Скопје, неговиот син бил физички нападнат од лицето Б.Љ., кое по нападот со остар предмет му нанело расекотина и му го оштетило велосипедот.
Детето било веднаш пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што му била укажана лекарска помош.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на мотивите за нападот.

