Забава
(Видео) Наоми Осака ги охрабрува девојките да прифатат дека се поинакви

Јапонската тенисерка Наоми Осака, која се повлече од два гренд слем турнира „Ролан Гарос“ и од Вимблдон на основа на ментално здравје, ги охрабри девојките во светот да го прифатат тоа што ги прави поинакви од другите.
Осака (23), една од најголемите надежи на Јапонија за златен медал на Олимписките игри во Токио, го искористи своето место во кампањата на Меѓународниот олимписки комитет „Заедно посилни“ за да каже дека дефиницијата за олимпиец е поширока отколку што се мисли.
„Луѓето можеби мислат дека сум тивка. Поинаква. Дека не одговарам на рамките на она што би требало да биде олимпиец“, вели Осака на почетокот на видеото објавено во четвртокот (8 јули). „Но, јас сум доказ дека дефиницијата е поголема отколку што мислат луѓето“.
Едноминутното видео почнува со Осака како се подготвува да сервира на тениски терен, а потоа се префрла на друга снимка како танцува во централен кварт во Токио и се смее пред огледало со сестра си.
Видеото, на кое се гледа како таа се потпишува на ТВ-објектив по победа и на турнир на кој ја претставува Јапонија, прикажани се девојки од сите возрасти, кои играат софтбол, рагби, тенис, фудбал, мечување плус брејкденс.
„Сакам да ги инспирирам девојките што гледаат во моментот. Оние за кои некои мислат дека се премногу поинакви. Премногу тивки. Премногу нешто…“, вели Осака, која проговори за својата анксиозност соочувајќи се со интервјуа за медиуми по интензивните натпревари.
„И ако не одговараме на очекувањата за она што луѓето мислат дека треба да бидеме, во ред е. Тоа значи дека ние сме тие што треба да го смениме тоа“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
„Модата понекогаш е само оклоп“: Никол Кидман ја отвори душата по шокантниот развод

Холивудската ѕвезда Никол Кидман неодамна ги изненади сите со промена на фризурата, а многумина го протолкуваа овој потег како „одмазда“, со оглед на тоа што таа штотуку се разведе од сопругот Кит Урбан, со кого беше во брак 19 години. Овој развод го шокираше светот, а актерката зборуваше за сè во ново интервју за „Вог“.
Во последно време, таа воодушевува и со своите модни стајлинзи и со својот попровокативен имиџ, па објасни што претставува модата за неа во овој период од нејзиниот живот.
„Понекогаш е оклоп. Понекогаш е разиграна, понекогаш е секси. Само зависи од расположението. Понекогаш е андрогина“, вели Никол Кидман.
Таа претходно призна дека модата отсекогаш ја привлекувала и дека не се плаши од смелоста потребна за носење одредени парчиња. Како што вели, таа ја гледа модата како „паралелен уметнички живот“ и како љубов кон презентирање на тоа уметничко дело на вистински начин.
Таа неодамна се појави на Неделата на модата во Париз со ќерките од поранешниот сопруг, а стана и амбасадор на луксузната модна куќа Шанел. „Како некој што толку многу ја цени високата мода, многу сум возбудена што ќе бидам сведок на нивната визија“, рече таа во соопштението.
Никол Кидман даде големо интервју во август, а веста за разводот беше објавена кон крајот на септември. Новинарот Вендел Стивенсон забележа дека за време на разговорот со актерката почувствувал „проблеми во рајот“.
„Кога ја прашав како се чувствува сега, во своите 50-ти години, очекував да слушнам убав, банален одговор за мудроста на тоа време. Наместо тоа, таа беше иронична, тажна, несигурна во себе“, напиша тој. „Колку пати мора да научиш да мислиш дека знаеш каде оди твојот живот, а потоа не оди така?“, ја кажа оваа реченица Никол во тоа време, како што открива новинарот.
фото: принтскрин
Забава
Селење, брак или зголемување на платата: 4 хороскопски знаци влегуваат во нова фаза од животот

Астролозите нагласуваат дека октомври 2025 година носи големи промени за четири хороскопски знаци.
Некои хороскопски знаци ќе доживеат кариерен напредок, други ќе се преселат или ќе започнат заеднички живот, додека некои ќе направат важен чекор во љубовта.
Бик – нов дом и емоционален раст
Биковите се соочуваат со големи промени поврзани со нивниот животен простор. Ова може да биде преселба, купување имот или започнување заеднички живот со партнер. Овој чекор не е само практичен, туку и емотивен, бидејќи носи чувство на зрелост и стабилност.
Советот е да не се плашат од промените и да дозволат нивниот простор да расте со нив.
Близнаци – љубовта и кариерата се на пресвртница
За Близнаците, врските влегуваат во нова фаза. Брак, свршувачка или почеток на сериозна врска се можни. Во исто време, ова е поволен период за кариерни одлуки, особено за оние кои размислуваат за унапредување.
Клучот за успех е искреноста и подготвеноста да се дејствува веднаш, без да се чека „идеалниот момент“.
Девица – професионален пробив
Девиците ќе се соочат со големи промени на работа. Унапредување, нова позиција или дури и сосема поинаква кариерна насока се на повидок. Иако може да изгледа застрашувачки, ѕвездите се на нивна страна, особено ако долго време чекаат признание.
Исто така, можни се промени во семејниот живот или проширување на семејството.
Шкорпија – емоционални и деловни пресврти
Шкорпиите влегуваат во интензивен период полн со настани. Можни се промени во нивниот приватен живот, како што се преселба или брак, но и значајни напредувања во кариерата.
Сè ќе се случи брзо и речиси неочекувано, а најважно е да се потпрат на сопствената интуиција и да не дозволат туѓите мислења да ги попречат.
Бик, Близнаци, Девица и Шкорпија влегуваат во нова фаза од животот од октомври. Промените што доаѓаат може да изгледаат застрашувачки, но тие носат раст, стабилност и можности што ќе ја обликуваат нивната иднина.
фото: принтскрин
Забава
Мик Џегер (82) и неговата 44 години помлада свршеница на настан во Њујорк, блескаат од среќа

Познатиот Мик Џегер (82) се појави на црвениот тепих на Есенската модна гала за 2025 година на Балетот на Њујорк Сити, а беше придружуван од неговата свршеница Мелани Хамрик (38).
Покрај нив, имаше и бројни други ѕвезди како Џулија Фокс, Оливија Палермо, Дона Каран, меѓутоа, главни ѕвезди беа Џегер и 44 години помладата Мелани.
Таа за оваа пригода избра црвен фустан со шлиц од страна, додека Џегер носеше шарена кошула, црна јакна и малку посветли панталони.
И покрај разликата во годините, овој пар преживеа иако никој не им предвидуваше „светла“ иднина. Тие се заедно десет години, но сепак се енигма за многумина.
Мелани беше балерина и го запозна Џегер во 2014 година за време на неговата турнеја во Токио. Кога го роди своето прво дете во 2016 година, а неговото осмо, таа се повлече од јавноста.
Иако често беа мета на коментари како двојка, тие уште еднаш докажаа дека тоа воопшто не ги засега и дека ќе го продолжат својот животен стил како и претходно.