Македонија
Шахпаска – Циглер Краљ: Словенија е голем поддржувач на Македонија
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, синоќа, по официјалната вечера на вториот министерски состанок за вработување и социјални прашања меѓу ЕУ и Западен Балкан, кој се одржа во Брдо кај Крањ, Словенија имаше неформална средба со министерот за труд, семејство, социјални работи и еднакви можности на Република Словенија, Јанез Циглер Краљ.
Двајцата соговорници разговарале за приоритетите на двете земји, особено по предизвиците што ги наметна пандемијата на Ковид-19, но и за продлабочување на меѓусебната соработка.
Министерката Шахпаска се заблагодари за поддршката што ја добиваме од Словенија и ги истакна вербата и очекувањето дека Република Словенија за време на претседателствувањето со Европската Унија уште повеќе ќе придонесе за конечно придвижување на Северна Македонија во нејзиниот интегративен процес и побрзо одржување на првата меѓувладина конференција, информираат од кабинетот на Шахпаска.
Словенечкиот министер Циглер Краљ оцени дека по пандемијата, сите држави и во ЕУ и во Западен Балкан мора да се фокусираат на политики за младите, кои ќе значат создавање услови за нивен побрз напредок и развој.
Министерката Шахпаска информира дека Северна Македонија креира и имплементира системски политики и решенија со цел да им обезбеди услови на младите да останат во државата и тука да ја градат својата иднина.
Таа додаде дека Министерството за труд и социјална политика работи на повеќе нови законски решенија, како што е и Законот за работните односи, во кој ќе бидат имплементирани работата од дома, работата од далечина, флексибилното работно време, со цел да излезе во пресрет на потребите на денешнината. За некои од нив, додаде Шахпаска, како што е законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, го анализираме и словенечкиот модел.
Таа го покани министерот Циглер Краљ во наредниот период да ја посети Северна Македонија, подетаљно да се запознае со социјалната реформа, но и да се разгледаат можностите за меѓусебна соработка, соопштија од Министерството за труд и социјална политика.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Алжир, Абделмаџид Наaмун
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Народна Демократска Република Алжир, со седиште во Букурешт, Абделмаџид Наaмун.
Неговото именување, како што рече претседателката, е уште една потврда за добрите македонско-алжирски односи, втемелени на заемно разбирање и почит.
За неа, посветениот и професионален ангажман на амбасадорот Наамун ќе придонесе кон продлабочување на пријателските и партнерски односи на билатерален и мултилатерален план.
Истакнувајќи дека обете држави имаат богата историја и вредно културно наследство, Сиљановска-Давкова очекува интензивирање на соработката во културата, образованието и туризмот, како и во рамките на ООН и другите меѓународни организации.
На церемонијата, новоименуваниот амбасадор Абделмаџид Наaмун ја истакна својата желба да гради нови мостови на пријателство и меѓусебно разбирање.
Двајцата изразија загриженост за геополитичките предизвици со коишто се соочени сите држави и народи, без оглед на географската положба и големина. Тие ја потенцираа потребата од мултилатерализам како соодветен одговор и механизам за решавање на проблемите.
Сиљановска-Давкова и амбасадорот Наамун се согласија дека донесувањето правна рамка за регулирање на меѓусебните односи, како и размената на посети на највисоко ниво ќе ја поттикат соработката.
Соговорниците имаа усогласен став и во однос на потребата од реформи во Обединетите нации, како и за неопходноста од назначување на жена на највисоката позиција – генерален секретар.
Македонија
Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е значајна победа за правната држава
За првпат и самиот обвинител го признава тоа што целата јавност го кажуваше: дека Јавното обвинителство не може да продолжи да функционира со изгубен легитимитет, под товар на политички влијанија и со селективна правда, изјави Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Фактот што оваа оставка доаѓа дури сега, а не уште од првиот ден кога беше очигледно дека институцијата е компромитирана, само дополнително ја потврдува длабочината на проблемот и обидите со месеци да се одржи статус кво кое служеше на поранешната власт. Со оваа оставка се става крај на еден мрачен период, во кој обвинителството беше перципирано како партизиран механизам, а не како независна институција во служба на законот“, вели тој.
Според Петрушевски, оставката е јасен сигнал за крајот на практиките на заштита на поранешната власт на СДС и ДУИ и почеток на процесот на департизација и европеизација на јавнообвинителската дејност.
„Оставката на Коцевски не е персонално, туку единствено системско решение. Ова е јасна порака дека никој не е недопирлив“, вели Петрушевски.
Македонија
Општина Бутел додели 4.000.000 денари финансиска помош на спортски клубови
Општина Бутел додели 4.000.000 денари финансиска помош на спортските клубови од општина Бутел.
„Локалната самоуправа секоја година ги поддржува спортските клубови и доделува спортски стипендии на најдобрите спортисти од Бутел. Во општина Бутел се градат спортско-рекреативни центри во секое населено место. Во општина Бутел вредноста на спортот и спортските успеси е најголема“, изјави градоначалникот Дарко Костовски.
Тој изрази надеж дека финансиска поддршка ќе поттикне напредок во сите спортови и спортистите ќе освојат европски и олимписки медали.

