Црна хроника
Претепан Ваљон Беља-поранешниот потпретседател на ДПА

Поранешниот потпретседател на Демократската партија на Албанците (ДПА), Ваљон Беља во среда попладне бил претепан во скопското село Кондово.
Според информациите од МВР, вчера околу 12.45 часот додека Беља се возел со автомобил низ Кондово, патот му го пресекле пет лица кои потоа го нападнале и го удриле со кундак од пиштол по главата.
Според полициските информации, причина за нападот била претходна нетрпеливост, а од повредите Беља завршил во Ургентниот центар.
Ваљон Беља беше претседател на партијата Албански сојуз, која пред предвремените парламентарни избори и се приклучи на ДПА, а Беља беше назначен за потпретседател на партијата.
По изборите Беља беше разрешен, а тој побара од Тачи да поднесе оставка од претседател на ДПА и го обвини за тежок криминал./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување на деца, 16-годишен штитеник и 15-годишна штитеничка на установата имале сексуален односи.
Според информациите од МВР, тие имале односи пред 12-годишен штитеник на установата, по што 16-годишникот му се заканил на 12-годишникот да не кажува никому.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ограбен автомобил на паркинг во Центар

Синоќа во 00:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека е ограбен автомобил на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје.
Според информациите на МВР, од патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, одземена е актовка со пари, документи, печати и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото: илустрација
Црна хроника
Инцидент во Карпош: Му ги дупнала гумите на возилото на партнерот, а потоа и физички го нападнала

Маж од тетовско пријавил во полиција дека неговата партнерка му ги дупнала гумите на возилото, а потоа и физички го нападнала.
Доцна синоќа, во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријави дека претходно околу 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите на возилото и физички го нападнала.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.