Македонија
(Видео) ВМРО-ДПМНЕ предложи 15 мерки за спречување ширење на штетите од делта-сојот
И покрај огромната бројка на починати од коронавирус во Македонија, Венко Филипче, живее во филмот дека спроведувал мерки за заштита на населението, истакна Оливер Зафировски, член на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ефектот од работата на Филипче до сега е речиси 160.000 заразени од Ковид-19 и приближно 6.000 починати. Делта-сојот веќе во Македонија претставува опасност да избувне како нов бран наесен и да предизвика големи проблеми. Државите во светот спроведуваат ригорозни мерки при влез, а само во Македонија нема никаква контрола“, потенцира Зафировски.
Со цел да не биде предоцна, рече Зафировски, Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ претставува 15 предлог-мерки со цел спречување ширење на штетите од делта-сојот на Ковид-19.
„Филипче, наместо да се занимава со други активности, основна цел треба да му биде да го заштити здравјето на сите граѓани во Македонија“, рече Зафировски.
Според него, Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ предлага: професионализација на Комисијата за заразни болести, забрзување на вакцинацијата против Ковид-19, зголемување на контролата на границите, достапност на тестирање на Ковид-19 на целото население, jасен и прецизен бел план за здравствениот систем при новиот бран на Ковид-19.
Во предлог-мерките, според Зафировски, се и зголемување на достапноста за рендген и лабораториските анализи за пациенти заболени од Ковид-19, актузлизирање и обновување на протоколите за третман на Ковид-19, мапирање на здравствениот персонал, план за пациентите со други дијагнози, мапирање на здравствените капацитети, одредување болници посветени на Ковид-19, мапирање на постојната функционална апаратура, достапност на соодветен третман за пациенти со Ковид-19, достапност на лична заштитна опрема, постковид-центри за пациенти што прележале Ковид-19.
„Да го организира здравствениот систем, немаше Македонија да биде на високото 5. место на светската листа на починати на милион жители, немаше да има вакцинирано само 10 проценти од населението во Македонија. Филипче само лаже. Лаже дека го организирал здравствениот систем, лаже дека спроведувал мерки, лаже за набавка на вакцини и за што уште не“, рече членот на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, Оливер Зафировски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа се одржуваат повторени избори за градоначалник
Во општините Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа денеска се одржуваат повторени избори за градоначалник, откако во првиот круг од локалните избори не беше постигната потребната излезност.
Гласањето започна во 7 часот и ќе трае до 19 часот.
Согласно Изборниот законик, за избор на градоначалник потребно е еден од кандидатите да добие мнозинство од гласовите на излезените гласачи.
Вчера гласаа болните и изнемоштените лица, како и затворениците.
Државната изборна комисија во текот на денот ќе информира за текот на гласањето и излезноста, а првичните резултати се очекуваат по доставувањето од општинските изборни комисии.
Македонија
Променливо облачно и студено време со повремен снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, со повремени локални врнежи од снег во претпладневните часови. Попладне се очекува врнежите постепено да престанат.
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Утринските температури ќе се движат од минус пет до два степена, додека дневните ќе достигнат од минус еден до пет степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до минус еден степен, а максималната ќе достигне околу три степени.
Според најавите од УХМР, од почетокот на следната седмица се очекува стабилизирање на времето. Под влијание на поле на висок воздушен притисок, ќе преовладува суво и студено време, а на одделни места утринските температури ќе се спуштат и под минус десет степени.
Македонија
ДИК: До 19:00 часот гласаа 242 од пријавените 248 болни или немоќни лица во Гостивар, Врапчиште, Маврово – Ростуше и Центар Жупа
Државната изборна комисија информира дека до 19:00 часот денеска од вкупно 94 пријавени лица за гласање во казнено-поправните установи, гласале 45 лица. Од вкупно пријавените 248 болни или немоќни лица за гласање во четирите општини, Гостивар, Врапчиште, Маврово – Ростуше и Центар Жупа до 19:00 часот правото на глас го оствариле вкупно 242 лица. Две лица гласале во Центар Жупа, 66 болни или немоќни гласале во Маврово – Ростуше, 31 лице во Врапчиште и 143 лица во Гостивар.
Гласањето за сите овие категории на гласачи се одвиваше непречено и без никакви проблеми и недоследности, велат од ДИК.
ДИК известува дека резултатите од гласањето на болните, немоќните и лицата кои се на издржување казна затвор, не се објавуваат денеска посебно.
„Секое поединечно гласачко ливче е ставено во посебен затворен плик и во гласачките кутии и тие не се отвораат денеска. Броењето на овие гласови и објавувањето на резултатите од денешното гласање се врши заедно со резултатите од целокупното гласање на изборите утре по 19:00 часот, за секое избирачко место и секоја општина каде што се гласа“, стои во соопштението на Државната изборна комисија.

