Свет
(Видео) Кинезите за еден ден изградија зграда од десет ката
Кога станува збор за изградба на големи згради на краток рок, кинеските градежни компании се единствени на врвот.
Така, лани работниците во Вухан во рок од осум дена изградија болница со кревети за околу илјада пациенти со Ковид-19, што предизвика сензација во светските медиуми.
Сега се слави уште еден брз градежен проект. Во Чангши, главниот град на провинцијата Хунан, десеткатница наречена „Жива зграда“ порасна за нешто повеќе од еден ден и е подготвена за вселување.
Според нарачателот компанијата „Брод груп“, ова е најкраткото време на градба во светот за згради со таа големина. Тоа не е сè. Од користените модули, за рекордно време може да се создаде облакодер висок до 200 ката, а со тоа и простор за живеење за целото село, тврди компанијата во видеото што ја покажува конструкцијата во брзо движење.
Тоа звучи евтино и малку сомнително кога знаете дека „Брод груп“ најави модуларна кула со повеќе од 200 ката во 2012 година, која, меѓу другото, никогаш не била изградена поради статички несигурности, се вели во написот за оваа зграда од германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЗ).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

