Црна хроника
Казни за 253 возачи во Скопје, 73 возеле над дозволената брзина
По засилените полициски контроли во текот на вчерашниот ден на територијата на Град Скопје биле изречени вкупно 253 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 73 санкции, за возење под дејство на алкохол 63, 18 прекршоци што направиле возачите на мотоцикли, 23 за возење без возачка дозвола.
Од МВР соопштија дека биле изречени и пет санкции за користење мобилен телефон, шест за нерегистрирани возила, 12 за возач почетник, 29 казни за непрописно паркирање.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, велат од МВР и порачуваат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност на патиштата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повредена 71-годишна жена од Велес: ја прегазило „бмв“
Вчера околу 10:30 часот во СВР Велес е пријавено дека на 21.11.2025 околу 10:30 часот на ул.„8 Велешка бригада“ во Велес, патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, управувано од З.А.(38) од Велес, удрило во 71-годишната Б.А. од Велес.
По несреќата Б.А. била пренесена во приватна здравствена установа во Велес за укажување на лекарска помош, а на 25.11.2025 за укажување на лекарска помош се јавила во Општата болница Велес, каде и биле констатирани тешки телесни повреди.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Велес.
Црна хроника
Пронајдено тело на жена во Вардар
Во полицијата, вчера било пријавено дека во водите на реката Вардар, кај мостот во близина на селото Уланци, општина Градско, било пронајдено тело на починато женско лице.
Телото било извадено од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес.
Увид на местото извршила полициска екипа, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата е предадено на обдукција.
Црна хроника
Во Скопје пријавено насилство: 14-годишник натепан и оставен во Сингелиќ, 16-годишната сестра однесена со возило
Педесет и едногодишна скопјанка пријавила дека на 30 ноември околу 17:30 часот, на подрачјето на Бит Пазар, нејзиниот 14-годишен син и 16-годишна ќерка влегле во патничко возило „опел“ управувано од В.С.
Според пријавата, В.С. во возилото физички го нападнал малолетникот и го оставил во населбата Сингелиќ, а со девојчето продолжил да се движи со автомобилот.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

