Свет
(Видео) Падобранец паднал преку покрив во куќа во Калифорнија, слетал директно во кујната
Локалните жители повикаа полиција откако видоа дека падобранец паѓа неконтролирано. Тој паднал низ покривот на една куќа во Калифорнија, но, за чудо, преживеал, пишуваат локалните медиуми.
Британски војник на вежба за скокање со падобран од 4.500 метри летал над куќата и паднал низ покривот. Неговиот падобран не бил целосно отворен и не можел да го контролира. За чудо преживеал, стои во натписите на новинарите.
Локалните жители повикале полиција откако виделе дека падобранот паѓа неконтролирано.
A BRITISH soldier cheated death after smashing through a roof and landing in someone’s kitchen when his parachute failed to open fully on a Special Forces free-fall jump. -The Sun pic.twitter.com/SBvA2gJtiU
— ✨Sk Boz✨ (@skkboz) July 12, 2021
Случајот го потврди и британската полиција во Атаскадеро.
„Лицето што леташе со падобран беше свесно по падот, но се жали на болка“, изјавија од полицијата. Според нив, тој немал видливи сериозни повреди. Во тоа време станарите не биле дома, се вели во соопштението.
Нема големи штети во куќата, освен на покривот.
Роуз Мартин, сосед на станарите каде што падна лицето со падобран, преживувањето го нарече вистинско чудо.
„Кој може да слета така без падобран и да преживее“, кажа соседот.
Војникот бил пренесен во болница на лекување.
„Благодарни сме што падобранецот има претрпено само умерени повреди и што нема повредено други лица“, соопшти полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Русите го нападнаа Харков преку ноќ: убиена 17-годишна тинејџерка, 16-годишно момче меѓу ранетите
Седумнаесетгодишна тинејџерка беше убиена, а девет други беа повредени во руски ракетен напад извршен ноќеска врз регионот Харков во источна Украина, изјави шефот на државната администрација на Харков, Олег Синегубов.
Девојката беше тешко повредена во нападот, а подоцна им подлегна на повредите во болница, додаде Синегубов.
Тој рече дека меѓу повредените е и 16-годишно момче, објави Укринформ.
1/
⚡️Russian missile strikes Kharkiv Oblast, killing teenage girl, injuring 9.A seventeen-year-old girl was killed and nine others were injured in an overnight Russian missile attack on the city of Berestyn in Kharkiv Oblast on Nov. 18, regional authorities said.… pic.twitter.com/m4GzjQEFsj
— Lew Anno Support#Israel #Ukraine 24/2-22 (@anno1540) November 18, 2025
Синегубов објави на Телеграм дека седум лица се хоспитализирани со повреди од рускиот напад врз градот Берестин во регионот Харков.
Нападот се случи еден ден по рускиот ракетен напад врз градот Балаклија, при што загинаа три лица, а ранети се уште 15, меѓу кои три деца.
Руските сили ја интензивираа својата офанзива во регионот Харков оваа година, што доведе до зголемување на нападите врз градови и села подалеку од линијата на фронтот.
фото: принтскрин
Европа
Зеленски во Турција в среда, пристигнува и човекот на Трамп: се очекуваат разговори со Виткоф
Специјалниот американски претставник Стив Виткоф утре ќе ја посети Турција и ќе се придружи на разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на турски извор.
Зеленски претходно изјави дека планира да замине за Турција во среда по денешната посета на Шпанија.
Зборувајќи за претстојните состаноци со шпански и турски претставници, Зеленски во објава на Фејсбук рече дека приоритет на Украина е да ги обнови мировните преговори и да ја заврши војната што е можно поскоро.
Зеленски рече дека Украина, исто така, работи на продолжување на размената на затвореници со Русија.
Тој нагласи дека средбата со шпанските претставници долго се подготвувала и дека Киев очекува уште една силна земја да помогне во приближувањето на крајот на војната.
Зеленски во понеделник ја посети Франција, која ја нарече една од најпродуктивните оваа година, а Елисејската палата објави дека Украина ќе купи до 100 авиони „Рафал“, опрема за воздушна одбрана и беспилотни летала од Франција.
фото: принтскрин
Свет
Мистериозна смрт на крузер: телото на 18-годишната Ана пронајдено завиткано во ќебе под креветот
Семејството и пријателите жалат за смртта на 18-годишната Ана Кепнер од Титусвил, Флорида, која беше пронајдена мртва на крузерот „Карнивал Хорајзон“. Нејзината смрт, која се случи под нејасни околности, е предмет на истрага на ФБИ.
Ана Кепнер беше пронајдена мртва на крузерот кога се враќаше во пристаништето во Мајами во сабота, 8 ноември.
„Смртта на гостин на патувањето со ‘Карнивал Хорајзон’ е под истрага на ФБИ“, потврдија претставници на „Карнивал Круз“ во соопштение, објави „Флорида Тудеј“. Компанијата додаде дека нивниот „фокус е на поддршка на семејството на нашиот гостин и соработка со ФБИ“.
Телото е предадено во Канцеларијата на медицинскиот испитувач во округот Мајами-Дејд за обдукција, чии конечни резултати би можеле да бидат познати по недели. Прелиминарната причина за смртта не е објавена.

Телото на навивачка од средно училиште пронајдено мртво на крузер „Карнивал“ било завиткано во ќебе и ставено под кревет, објавува „Дејли меил“. Извори за „Дејли меил“ изјавиле дека Ана се пожалила дека се чувствувала лошо вечерта на 6 ноември додека била на вечера, па отишла во својата кабина.
Следното утро, кога нејзиниот татко Кристофер Кепнер (41) и маќеата Шонтел Хадсон (36) ја поканиле на појадок, тинејџерката никаде не била пронајдена.
Семејството почнало да го пребарува огромниот брод, но на крајот собарката наишла на телото на Ана кога влегла во кабината за да ја исчисти околу 11 часот наутро на 7 ноември. Два извори кои разговарале со „Дејли меил“ под услов на анонимност велат дека девојчето било пронајдено завиткано во ќебе, покриено со елеци за спасување и ставено под кревет.
Заедницата во Титусвил е длабоко погодена од нејзината смрт. Учениците и наставниците се собраа на паркингот на училиштето на 10 ноември околу нејзиниот бел автомобил, покривајќи го со цвеќе и балони во знак на сеќавање. Погребот на Ана ќе се одржи на 20 ноември.

Семејството ги замоли присутните да не носат црно. „Ве молиме да носите бои во чест на светлата и прекрасна душа на Ана. Нејзината омилена боја беше сина“, се вели во некрологот. Семејството, исто така, побара приватност и да се воздржи од онлајн шпекулации за причината за смртта. „Таа беше најдоброто дете што некогаш сте можеле да го запознаете“, рекоа тие. „Секогаш ќе ја паметиме таква каква што беше.“
фото: принтскрин

