Свет
(Видео) Тепачка во грузискиот парламент
Во грузискиот парламент дојде до тепачка меѓу пратениците на опозициските партии и претставниците на владата, што беше пренесувано во живо од грузиските телевизии.
Како што пренесуваат медиумите, претставници на грузиски опозициски ТВ-компании и членови на опозицијата насилно влегле во салата за состаноци на законодавното тело. Пратениците од опозицијата барале да бидат пуштени сите грузиски новинари собрани во близина на зградата, а кои од вчера бараат оставка од премиерот Иракли Гарибашвили.
⚡️Fights break out in the Georgian parliament, as opposition members demand the prime minister’s resignation – reportedly over the death of a journalist during anti-Pride march rallies ☺️#Georgia #Fights pic.twitter.com/sM0NFzO6Qe
— Hari Krishna (@hrkittu143) July 12, 2021
Вчера ТВ Пирвели објави дека снимателот Александар Лашкарава, еден од неколкуте претставници на медиумите, кој бил претепан за време на нападот врз ЛГБТ-активистите во Тбилиси на 5 јули, пронајден е мртов, а стотици луѓе излегле на улиците на грузискиот главен град, повикувајќи ги властите да ги казнат одговорните.
Лашкарава беше претепан за време на протестна акција против ЛГБТ-заедницата и неколку дена се лекуваше во болница, по што беше ослободен. Полицијата соопшти дека се уапсени четири лица кои учествувале во неговото тепање. Извештајот за причините за смртта сè уште чека.
Насилните групи кои се спротивставија на Парадата на гордоста ги нападнаа ЛГБТ-активистите и новинарите на 5 јули, објави претходно „Ројтерс“. Организаторите подоцна објавија дека Парадата на гордоста е откажана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Напад со дронови во Одеса, најмалку четири лица се повредени, меѓу нив и седуммесечно бебе
Најмалку четири лица, од кои три се деца, се повредени во синоќешниот руски напад со беспилотно летало врз Одеса, објавија денес регионалните власти, наведувајќи дека се оштетени станбени згради и инфраструктурни објекти.
„Нападот со беспилотно летало бил насочен кон станбени згради, логистика и енергетска инфраструктура“, изјави началникот на регионот Одеса, Олег Кипер, во порака на Телеграм.
Воените власти на тој регион објавија дека меѓу повредените има седуммесечно бебе и две други деца, како и 42-годишен маж, пренесува Ројтерс.
Големото црноморско пристаниште Одеса е цел на повторени руски напади со беспилотни летала и ракети, кои ја уништуваат енергетската, сообраќајната и пристанишната инфраструктура, како и станбените делови на тој град, според медиумот.
Свет
Железничка несреќа во близина на Мачу Пикчу: има загинати и повредени во судир меѓу два воза
Машиновозач загина, а најмалку 40 лица се повредени во судир меѓу возови во близина на најпопуларната туристичка атракција во Перу, Мачу Пикчу, пишува Би-Би-Си.
Во соопштението од надлежните се истакнува дека 20 амбулантни возила се испратени на местото на несреќата и дека повредените се префрлени во здравствени установи во блискиот град Куско.
Американската амбасада во Перу објави дека во несреќата се повредени американски државјани, но полицијата сè уште не ги потврдила идентитетите на лицата вклучени во инцидентот.
Локалниот медиум Peru21 известува дека „стотици“ туристи сè уште престојуваат на местото на несреќата и чекаат евакуација, што е „тешко“ поради непристапниот терен околу местото на несреќата.
Најмалку 20 повредени се во сериозна состојба, изјави здравствен службеник за новинската агенција Ројтерс.
Судирот се случил на железничката пруга што ги поврзува станицата Олјантајтамбо и Агуас Калиентес, најблискиот град до Мачу Пикчу. Патувањето помеѓу овие две станици обично трае околу 90 минути.
„Длабоко жалиме за она што се случи“, се вели во соопштението на компанијата PeruRail, додавајќи дека нејзиниот персонал „веднаш“ им пружил прва помош на машиновозачот, кондуктерот и патниците вклучени во инцидентот.
Причината за несреќата сè уште е непозната.
Несреќата се случила во време кога постои тековен спор меѓу превозниците што вршат превоз до местото на светското наследство на УНЕСКО, бидејќи локалните заедници се незадоволни од, како што велат, недоволно транспарентниот процес на доделување концесии.
Возовите и автобусите што ги превезуваат туристите до античкиот град имаат високи цени и можат да бидат многу профитабилни поради ограничената пристапност на локацијата.
Свет
Париз во приправност поради тероризам и банди на новогодишната ноќ
Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез испрати писмо до париската префектура во кое властите повикуваат на посебна будност во врска со ризикот од тероризам и бандитска активност на новогодишната ноќ во главниот град на земјата.
„Високото ниво на терористичка закана што продолжува да ја оптоварува националната територија, како и постоењето на тензии на меѓународно ниво, значи дека е потребно да се обезбеди особено зголемен надзор на туристичките, празничните и симболичните места“, се наведува во писмото испратено до полициската станица во Париз, до кое телевизијата BFM имаше пристап.
Како што е наведено, писмото предупредува на ризикот од „феноменот на банди, злоупотреби и акти на урбано насилство, против кои властите имаат намера да се борат со откривање на собири на лица со насилен потенцијал“.
„Целта е да се зголеми видливоста и да се обезбеди одвраќачко полициско присуство во одредени области со голем сообраќај, со поддршка на динамичен систем за видео патролирање“, се наведува во соопштението.
Од безбедносните сили се бара и „да одржуваат зголемен надзор во чувствителните населби или оние познати по редовни епизоди на урбано насилство, прекршувања или конфликти меѓу сопернички банди“.
Се предлагаат и неколку превентивни мерки.
На пример, давателите на социјални станови и менаџерите на најизложените локации и сектори се должни да го блокираат пристапот до покривите на зградите и да обезбедат контејнери за ѓубре.
Како што е наведено, од општините се бара да идентификуваат и отстранат гломазни предмети, контејнери и сите предмети што би можеле да се користат како проектили или што би можеле да послужат како средство за палење.

