Свет
Милиони луѓе се гладни, целта нема да биде постигната, покажува првата глобална проценка

Обединетите нации соопштија дека минатата година дошло до драматично влошување на состојбата со гладот во светот и дека поголем дел од тоа најверојатно е последица на Ковид-19.
Иако влијанието на пандемијата треба допрва да се истражи во целост, сепак се проценува дека лани околу една десетина од глобалната популација – 811 милиони луѓе биле гладни, се наведува во соопштението.
Се наведува дека тој број навестува дека ќе биде потребен голем напор светот да го исполни ветувањето дека гладот ќе се искорени до 2030 година.
Извештајот е заеднички објавен од Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), Меѓународниот фонд за развој на земјоделството (IFAD), Фондот за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ), Светската програма за храна на ООН (WFP) и Светската здравствена организација.
Во многу делови на светот пандемијата предизвика брутална рецесија и го загрозила пристапот до храна, но се посочува дека гладот се ширел пред пандемијата и дека недостасувал напредок во намалувањето на неухранетоста.
Според сегашните трендови, состојбата на безбедноста на храната и исхраната во светот проценува дека целта за одржлив развој 2 (нула глад до 2030 година) ќе биде промашена за речиси 660 милиони луѓе. Од овие 660 милиони, околу 30 милиони можат да бидат поврзани со долгорочните ефекти на пандемијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Париз, Лондон и Берлин повикаа да престане хуманитарната катастрофа во Газа

Хуманитарната катастрофа во Појасот Газа мора веднаш да престане, повикаа вчера во заедничко соопштение Париз, Лондон и Берлин.
„Хуманитарната катастрофа на која сме сведоци во Газа мора веднаш да престане“, нагласија трите европски земји.
Тие на овој начин одговорија на алармот објавен од ОН и невладините организации дека постои ризик од непосреден и широко распространет глад во Газа. Трите европски престолнини ја повикуваат европската влада веднаш да ги укине ограничувањата за испорака на помош.
Франција, Велика Британија и Германија, исто така, потсетуваат дека Израел мора да ги почитува своите обврски според меѓународното хуманитарно право.
„Дојде моментот да се стави крај на војната во Газа“, додадоа тие и ги повикаа сите страни да го прекинат конфликтот со склучување на договор за моментално прекин на огнот.
Регион
Топлотниот бран ги затвори Акропол и археолошките локалитети во Атина

Поради топлотниот бран и високите температури што од почетокот на седмицава ја зафатија Грција, археолошките локалитети во Атина, како и Акропол и во текот на викендов ќе бидат затворени за туристи во периодот од 12 до 17 часот.
Новиот топлотен бран што ја зафати Грција, според најавите и прогнозите се очекува да трае до недела.
Вчера беше најтоплиот ден, просечната максимална температура достигна 37,6 степени Целзиусов, на Пелопонез измерени речиси 46 степени, а во многу делови од земјата надмина 42 степени.
Свет
Русија до Западот: Тврдоглаво игнорирате додека режимот во Киев се обидува да ја спаси кожата на Зеленски

„Тврдоглаво се обидувате да игнорирате како темелно корумпираниот режим во Киев се обидува да ја спаси кожата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, доведувајќи ја во прашање иднината на својата земја. За тоа детално ќе разговараме на посебниот состанок што го побаравме за 31 јули, каде што предлагаме фокусирање на акциите што ја поткопуваат потрагата по дипломатски пат за решавање на украинскиот конфликт – вклучително и обидите да се попречи директниот руски-украински преговарачки процес во Истанбул“, изјави заменикот на рускиот амбасадор во ОН, Дмитриј Пољански, на седницата на Советот за безбедност, обраќајќи им се на претставниците на западните земји, пренесува ТАСС.
Според него, Русија подолго време и доследно предлага решавање на украинската криза по дипломатски пат.
„Но вас тоа не ве задоволува – сè додека сте подготвени да продолжите да се борите против Русија преку рацете на Украинците. А фактот што ги има сè помалку – воопшто не ве вознемирува“, предупреди рускиот дипломат.
Русија и Украина во мај и јуни одржаа две рунди преговори, по што следуваше размена на заробеници и предавање на телата на загинатите украински војници. Двете страни исто така разменија нацрти меморандуми за решавање на конфликтот.