Македонија
Итен надзор во Цементарница по голем број пријави од граѓани
По големиот број пријави од граѓани, Државен инспектор за животна средина вчера (11 јули) во присуство на раководителот на инспекторатот на Град Скопје изврши детална проверка на погоните во Титан Цементарница Усје за откривање на причините за емисиите на прашина што се случија во изминатиот ден.
„По проверката беше утврдено дека поради технички проблеми, емисиите настанале во постројката за производство на клинкер, при што се случило истекување на материјал од циклон во текот на интервенција за негово одглавување. Настанати се фугитивни емисии на прашина, што содржат варовник и лапорец, суровини што се користат за производство на клинкер.
Во моментот на инспекцискиот надзор Титан Цементарница Усје Ад Скопје со записник беше задолжена да достави листинг од континуираниот 24-часовен мониторинг на емисии од стационарните извори, согласно А-интегрираната еколошка дозвола за периодот од 09.07.2021 и 10.07.2021, се наведува во извештајот.
Исто така, поради високите температури и атмосферски влијанија со ветер, Титан Цементарница Усје е задолжена секојдневно со вода од цистерни да врши прскање на внатрешната инфраструктура на Цементарата и патот што води до ископот на лапорец над с. Усје.
Постапката за надзор е сè уште во тек.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

